Топ филмови со загатки - кој ќе се извлече од стапицата?
Веројатно не постои човек кој не ги обожава филмовите со загатки како сложувалки.
Преживуваат само најпаметните, најснаодливите или најсреќните, но до конечниот исход нè води напнато дејство набиено со многу адреналин.
Кој ви е омилен филм со ваков тип на стапици, односно загатки? Кој ќе се извлече од пајаковата мрежа?
Ви предлагаме 12 одлични филмови во кои главните ликови се фатени како во стапица за глувци:
Exam (2009)
80 минути за тестот, 8 кандидати, еден точен одговор. Сите се борат за високо платена позиција во моќна корпорација, но за време на тестирањето, почнуваат да се тестираат нервите и природата на секој од кандидатите.
https://www.youtube.com/watch?v=bJfhY2f074A
House of 9 (2005)
9 странци, издрогирани и киднапирани, кои навидум за неповрзани и не се познаваат еден со друг, се будат во целосно запечатена куќа од која изгледа како да нема излез за сите.
Saw (2004)
Двајца мажи се будат во изолиран подрум, без паметење како се нашле таму. Набрзо сфаќаат дека се дел од морбидна болна игра на сериски убиец.
Fermat's Room (La habitación de Fermat) (2007)
Четворица математичари ја прифаќаат поканата на мистериозен домаќин кој им нуди вистински предизвик – специјална загатка за решавање. Собата во која се наоѓаат полека се стеснува и се заканува да ги здроби доколку не го откријат одговорот на загатката.
My Little Eye (2002)
На петмина луѓе им се понудени 1 милион долари со цел да поминат 6 месеци заедно на еден изолиран имот, со камери кои деноноќно го следат секој нивен чекор.
Unknown (2006)
Пет луѓе се будат во затворен напуштен склад со поматена меморија, бидејќи не се сеќаваат скоро на ништо. Наскоро мора да откријат како стигнале таму и кој е добриот, а кој лошиот, со цел да преживеат.