20 иритирачки клише сцени, кои се препознатлив знак на холивудските филмови
11. Сите сигурносни камери се со HD резолуција, па вие можете слободно да ја зумирате секоја фотографија и јасно да го видите секој детаљ.
12. Секој може да приземји авион само ако ги следи инструкциите на специјалистот преку радио врска. Тоа е тешка, но возможна задача.
13. Ако лик појде во маркет и не се врати со хартиено ќесе со багет во него, не е јасно зошто воопшто отишол.
14. Навистина лош знак е ако ја погледнете фотографијата на саканиот пред лет.
15. Ако има голем стаклен ѕид, тогаш задолжително мора да биде скршен.
16. Аутсајдер може да победи во кој било спорт, секунда пред крајот на натпреварувањето.
17. Луѓето што патуваат немаат никакви проблеми со виза или пак царина.
18. Огледалата се лоши за вашата ментална состојба бидејќи рефлектираат најнеочекувани работи. Ова особено важи за хорор филмовите.
19. Женскиот негативец лесно може да го препознаете. Таа е најсексапилната и највпечатлива дама во собата.
20. Ако главниот лик не е многу паметен, тогаш тоа значи дека никогаш нема да му недостига среќа.
С. С. | Црнобело