20 иритирачки клише сцени, кои се препознатлив знак на холивудските филмови
Негативецот никогаш не може да го излаже кучето, а ако не ви пали автомобилот, сигурно има манијак во близина.
Вљубениците во филмови ќе се согласат дека нема ништо подобро од вечер мината со пуканки и филм чија приказна така силно ќе ве вовлече во неа и крај што ќе ве остави со подотворена уста.
Ова задоволство во последните неколку години најдобро знаат да ни го сервираат европските трилери.
И не дека Холивуд не лансира вистински хитови, но мора да признаеме дека во голем дел од нив имаат некои клише сцени кои се повторуваат одново и одново и навистина нервираат.
Ајде да видиме колку од нив имате забележано:
1. Вие сте добар полицаец, кој секогаш одлично ги решава случаите, и шефот ви дава само 48 часа и ниту минута повеќе за да го решите најкомплицираниот криминал.
2. Сите психолошки тестирања што треба да ги минете за да станете полицаец се неопходни за на крај да ви го дадат најнесоодветниот партнер.
3. Во Холивуд, за да добиете работа како специјален агент или форензичар, треба да бидете прекрасна жена на возраст од 25-30 години.
4. Негативецот може да излаже секого освен кучето. Кучињата секогаш знаат кому треба да му лаат.
5. Несмасните, срамежливи, социјално невклопени девојки секогаш привлекуваат секси мажи.
6. Детективските филмови се најлошиот жанр ако треба да одите во тоалетот. Ќе се начекате додека детективот седи на шолјата и размислува.
7. Ако вашиот автомобил не сака да запали, тогаш најверојатно има манијак во близина.
8. Работи што можат да се користат за отворање на која било брава: пиштол, спојница за хартија шнола, кредитна картичка... Сè освен клуч.
9. Ако IT специјалист не може за 5 минути да го хакира кој било компјутер, тогаш тој е лош IT специјалист.
10. Спасувањето на целиот свет е на рамениците на Американците. Историски, тие докажаа дека се најдобри во сè.