Најдобрите филмови од 2017 кои мора да ги изгледате доколку сте ги пропуштиле
Наближува крајот на 2017-тата година, а со тоа ги сумираме и нашите впечатоци од седмата уметност.
Мора да признаеме дека оваа година донесе одлични филмски наслови, а доколку не сте погледнале нешто од следните 15 предлози, време е да пронајдете малку слободно време и да ја поправите грешката:
War for the Planet of the Apes
Последното филмско издание од саката за мајмуните повторно го следи нивниот некрунисан водач, Цезар. Откако мајмуните ќе доживеат огромни порази и загуби на животи од нивниот вид, Цезар тргнува во одмаздничка мисија кон човековиот род.
Spider-Man: Homecoming
Последниот филм за Спајдермен ги следи средношколските авантурите на Питер Паркер, додека учи да балансира помеѓу неговиот вистински идентитет и неговото алтер-его.
Personal Shopper
Морин, која работи како професионален купувач и се грижи за потребите на своите клиенти одбива да замине од Париз додека не стапи во контакт со својот брат близнак кој починал таму.
The Lego Batman Movie
Брус Вејн, односно Бетмен е покул од кога и да било во последниот анимиран лего филм. Додека се обидува да се соочи со криминалците кои сакаат да владеат со Готам, тој случајно посвојува тинејџер кој е сираче, а кое очајно сака да стане негов партнер во борбата против криминалот.
Murder on the Orient Express
Работен поред најпознатото дело на мајсторот на детективски крими-заплети, Агата Кристи, Убиството во Ориент Експрес го следи најомилениот детектив на авторката Херкул Поаро.
Тој заглавува со возот во снег заедно со група патници додека се случува убиство за време на патувањето. Ќе го открие ли виновникот пред да тргне возот?
Blade Runner 2049
Млад истребувач на роботи ќе открие внимателно чувана тајна, која ќе го однесе до Рик Декард, истребувачот кој не го видел никој повеќе од 30 години.
Baby Driver
Бејби, вешт и талентиран возач е принуден да работи со банда криминалци и нивниот шеф кој ги организира кражбите. Откако ќе ја изврши и последната задача, тој повторно се наоѓа под притисок да прифати уште една, последна кражба.