Филмски предлози: 10 мистерии кои ќе ве наежат и ќе си поиграат со вашиот ум
Скоро сите обожаваме добра мистерија, помешана со крими, хорор или трилер елементи.
Уживаме во напнатоста и неизвесноста, а кога крајот излегува сосема поинаков од она што сме го замислувале, чувството од штотуку изгледаниот филм е уште подобро.
Доколку сте расположени за филмови кои ќе си поиграат со вашиот ум и добро ќе ве наежат, ви ги предлагаме следните 10:
Don’t Hang Up (2016)
Група пијани тинејџери решава да си поигра преку телефон, но мистериозниот странец со кого се обидуваат да се пошегуваат ја презема играта во свои раце и ја врти против нив. Наскоро наивната игра се претвора во борба за живот или смрт.
Intruders (2017)
20-годишниот Томас излегува од рехабилитациона клиника откако бил неправедно обвинет за силување на помладата сестра на неговата поранешна девојка. Мислејќи дека ќе сврти нова страница и ќе започне нов живот во Осло, Томас е врзан и претепан, бидејќи таткото на жртвата го држи како заложник во очајнички обид да ја дознае вистината.
The Autopsy of Jane Doe (2016)
Татко и син, обајцата вештаци се вовлечени во чуден, мистериозен свет додека вршат аутопсија на телото на една млада жена, која воедно се обидуваат да ја идентификуваат. Младата жена очигледно криела многу мрачни тајни…
Coherence (2013)
Кога група пријатели се собираат за вечера, започнуваат да се случуваат чудни нешта, додека комета прелетува над нив на небото.
Sound Of My Voice (2012)
Двајца документаристи се обидуваат да се инфилтрираат во култ кој обожува жена која тврди дека е дојдена од иднината. Наскоро, и самите не може да направат разлика помеѓу вистината и лагата.