10 филмови кои ќе ве внесат во есенско расположение
Со есента заокружена во нашите календари како и реалноста надвор, времето е совршено за филмски маратонски вечери.
Со топло чајче и колач со зачинот кој можеби најдобро мириса на есен – циметот или пак чаша квалитетно вино, време е да ги изгледате следните 10 филмови кои ќе ве внесат во совршено есенско расположение:
Pieces of April
Ексцентрична ќерка ја поканува нејзината мајка која умира и семејството со кое одамна изгубила контакт на вечера во повод Денот на благодарноста.
The Blind Side
Вистинска приказна за Мајкл Оер, кој од бездомно трауматизирано момче ќе прерасне во еден од најдобрите рагби играчи со љубовта и поддршката на семејството кое ќе го вдоми.
Far From Heaven
Дејствието се одвива во ’50-тите години на минатиот век во Конектикат, каде што една жена се соочува со криза во бракот и е сведок на расистички тензии надвор од удобноста на нејзиниот дом.
Fly Away Home
Откако ќерката ќе пронајде гускини јајца оставени без мајка и ќе ги одгледа малите птици, подоцна со нејзиниот татко се обидуваат да го насочат јатото да лета кон југ.
American Beauty
Несреќен маж почнува да се соочува со средовечна криза, вплеткан во бракот без љубов и неговата нова опсесија која ја вклучува најдобрата другарка на неговата ќерка тинејџер.