Актери кои биле малку платени за одлични улоги
Хонорарите на холивудските актери се обично проценети на милиони долари по филм.
Но, понекогаш ѕвездите се согласуваат да работат од милостина ако им се допадне и ги заинтересира сценариото, или пак ако сакаат да соработуваат со искусен и ценет режисер.
А, на некои пак, кариерата им е тукушто започната, па мора да ги прифатат сите услови.
Ова се приказните за 9-те актери чии хонорари за нивните одлични улоги ќе ве изненадат:
Џона Хил - The Wolf of Wall Street
Кога Мартин Скорсезе му понудил на Хил улога во овој филм, Хил веќе беше познат комедијант кој заработуваше милиони. А, му биле понудени само 60.000 долари.
Тој потпишал без двоумење, а улогата му донесе втора номинација за Оскар. За споредба, на Леонардо ди Каприо му било платено 25 милиони долари за оулогата во филмот.
односно 51.200 евра
Том Круз – Magnolia
100.000 долари е хонорар кој тешко може да се нарече импресивен за актер кој веќе има добивано по неколку десетици милиони долари за глума во филмови како Mission: Impossible (1996).
Сепак, тој бил импресиониран од сценариото за Magnolia и ја прифатил понудата без да размислува на парите. Круз доби Златен Глобус за неговата улога во филмот.
односно 85.350 евра
Бред Пит - Thelma & Louise
Улогата во овој филм беше првиот чекор на Бред Пит кон неговиот вртоглав успех. Благодарение на оваа улога тој беше забележан од Холивуд. Тоа што за неа добил само 6000 долари за него не било проблем, со оглед на тоа што неколку години подоцна надокнади.
На пример, за Ocean’s Eleven (2001) зема 30 милиони долари.
односно 5.120 евра
Рајан Гослинг - Half Nelson
По успехот со The Notebook (2004) со што Рајан заработи многу пари, актерот се согласил да глуми во нискобуџетната драма Half Nelson, за која добивал само 1000 долари неделно.
Сепак, не било за ништо, бидејќи оваа улога на професот му ја донесе првата номинација за Оскар на Гослинг.
односно 853 евра
Хилари Свонк - Boys Don’t Cry
Креаторите на овој филм процениле дека глумата на Хилари вреди само 3000 долари. Но трудот се исплател – за нејзината брилијантна глума, Свон освои Оскар, а хонорарот за нејзиниот следен филм The Affair of the Necklace (2001), порасна на 3 милиони долари.
односно 2.560 евра