10 филмови за комплицирани љубовни приказни

Предлог филмови со комплицирани љубовни приказни, затоа што никогаш нема да ни здосади од филмски драми и романтики.

10-filmovi-za-komplicirani-ljubovni-prikazni-001.jpg

Поканете ги пријателките или седнете и сами заплеткајте се во нова љубовна приказна - изборот е ваш, а предлозите се следниве:

1. „50 First Dates”

Хенри Рот ја запознава шармантната Луси и тие си поминуваат прекрасно заедно. Нивниот прв состанок е толку добар што ќе ве натераат да мислите дека тие засекогаш ќе останат заедно. Меѓутоа Луси страда од кракторочно губење на меморијата, секоја вечер кога си легнува заборава што се случило претходниот ден. Но, Хенри нема да дозволи тоа да го запре и се бори да ја освои покрај се.

https://www.youtube.com/watch?v=H1SVxJZTgI4

2. „Crazy, Stupid Love”

Роматична комедија во која глуми добро познатото дуо Рајан Гослинг и Ема Стоун. Во филмот се зборува за разведен средновечен човек, кој оди во бар и запознава еден професионален женкар кој ќе му помогне да го промени стилот и да запознава жени.

3. „Closer”

Драма во која четири лица се наоѓаат во комплицирани односи еден со друг. Ден е млад писател кој е заљубен во стриптизетата Алис, а во исто време е во врска со фотографка по име Ана. Во исто време и Лари почнува врска со Ана, а во меѓувреме почнува да поминува и време со Алис. Врските стануваат сè покомплицирани и никој неможе да стави крај на ваквиот деструктивен редослед на настани.

https://www.youtube.com/watch?v=6eY4YKnhsKQ

4. „Blue Valentine”

Овој филм ја покажува приказната на Дин и Синди. Тие се млад брачен пар кој на почетокот на нивната врска биле доста заљубени. Кога се сретнале мислеле дека нивната љубов ќе трае засекогаш, но потоа работите се менуваат.

5. „The Painted Veil”

Волтер, интелигентен лекар од средната класа ќе се заљуби во Кити, жена од високата класа. Иако Кити не е заљубена во него, таа се согласува да се омажи за него, затоа што смета дека дошло време за мажење. Меѓутоа сè ќе се промени кога тие ќе одат во едно мало село во Кина и таму таа ќе го види нејзиниот сопруг во друго светло.

Уште 5 филмови на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Илуминати, фотографии од разголени жени – „Скриени“ пораки во постарите анимирани филмови на Дизни Во кадар од постара верзија цртаниот филм The Rescuers, јасно се гледа фотографи...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
10 авантуристички филмови кои ќе ве „прошетаат“ низ светот Вистински приказни, но и необични, забавни авантури кои завршуваат со духовно бу...
10 романтични филмови кои се совршени од почеток до крај Емотивниот The Notebook и забавниот Pretty Woman – некои филмови, иако можеби не...
10 заплеткани филмови кои ќе ве натераат да размислувате Веќе култниот Blade Runner на Ридли Скот, но и уникатниот Stalker на рускиот реж...
10 нови филмови што ги освоија симпатиите на публиката Wonka, The Beekeper, Madame Web – дел од поновите филмови што ѝ се допаднаа на п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg