Филмовите и вашиот љубовен живот
Додека уште трае оскаровската треска сакаме да провериме што вашите омилените оскаровски филмови откриваат за вас како личности и љубовни партнери.
Се снаоѓате со зборови или без нив, барате сродна душа од други времиња или едноставно чекате некој кој ќе знае да ве насмее?
The Artist
Романтична душа. Колку само мечтаете за голема љубовна приказна. Сентиментален фантазер како вас треба да си најде партнер кој и својата љубов ќе умее да ја искаже и без зборови.
The Help
Вие сте силна и чесна личност која верувате дека на крај секогаш победува правдата. Пристојни сте, но знаете да бидете и прилично дрски кога треба да се справите со непријатна ситуација. Партнерот треба да знае дека сте внимателни, интелигентни и дека нема да бидете со некој кој не ве почитува.
Midnight In Paris
Колку пати сте помислиле дека сте родени во погрешно време? Иако понекогаш ве доживуваат како невротични, вие всушност копнеете по едноставни нешта. Носталгични по времиња што воопшто не сте ги доживеале барате некој со старомодни манири кој ќе сака долги разговори и прошетки на дожд.
Extremely Loud & Incredibly Close
Понекогаш ве доживуваат како потиштени и депресивни, но вие немате потреба да ги криете чувствата и не се плашите да заплачете кога ви се плаче. Во врска ви треба некој кој секогаш ќе умее да ве насмее.
The Descendants
Или сте длабоки, искусни и „стари“ по душа или само сакате да зјапате во Џорџ Клуни.
Hugo
Можеби ве доживуваат како незрели, но вие не сакате да го изгубите детскиот дух. Сакате авантури, мистерии и некој со кого може да си играте.
Moneyball
Или сте трпелива личност која не се оптоварува со потребата секогаш да победува или го гледате секој филм каде глуми Бред Пит.
Tree Of Life
Или сте уметничка душа која го цени неочекуваното и ужива до бескрај да го анализира необичното или го гледате секој филм каде глуми Бред Пит.