Опенхајмер не се дружел со Ајнштајн, сметал дека е лудак - Што е вистина, а што измислица во филмот?

Вистина е дека Опенхајмер навистина сакал да си го отруе менторот, но тоа не бил Нилс Бор. За Ајнштајн сметал дека е целосно откачен и воопшто не барал совети од него – Кои други делови од филмот Oppenheimer се измислени и не се случиле никогаш?

openhajmer-ne-se-druzhel-so-ajnshtajn-smetal-deka-e-ludak-shto-e-vistina-a-shto-izmislica-vo-filmot-01.jpg

Филмот Oppenheimer на режисерот Кристофер Нолан е топ тема деновиве откако го освои Оскарот за најдобар филм.

Биографската приказна за човекот што ги измисли атомските бомби фрлени во Јапонија, уште од својата премиера ја освои публиката ширум светот, а многумина се прашуваат во колкава мера тој ја следи реалната приказна за научникот Јулиус Роберт Опенхајмер.

openhajmer-ne-se-druzhel-so-ajnshtajn-smetal-deka-e-ludak-shto-e-vistina-a-shto-izmislica-vo-filmot-02.jpg

Историчарите имаа полни раце работа за да ги издвојат вистинските детали од оние измислените, кои најверојатно се додадени во филмот со цел да се зголеми напнатоста и да се постигне поголем филмски ефект.

Во продолжение издвојуваме неколку факти што биле вистина и неколку измислици од филмот:

Вистина е дека Опенхајмер се обидел да си го отруе менторот, но тоа не бил Нилс Бор.

Додека студирал на Кембриџ во 1920 година Опенхајмер се сретнал со голем број познати физичари, меѓу кои и Патрик Блекет, кој подоцна му станал ментор.

Во овој период Опенхајмер живеел во мизерни услови во Англија, а менторот од него барал постојано да работи во лабораторија, наместо да ја води наставата со предавања и теорија.

openhajmer-ne-se-druzhel-so-ajnshtajn-smetal-deka-e-ludak-shto-e-vistina-a-shto-izmislica-vo-filmot-03.jpg

Заради ова Опенхајмер одлучил да му стави хемикалии во јаболкото на Блекет, а не на Бор, како што тоа е прикажано во филмот. Опенхајмер многу подоцна го запознал Бор.

Исто така, се верува дека на Кембриџ се дознало за инцидентот со отровното јаболко, па научникот добил укор и бил приморан да посетува психолог.

openhajmer-ne-se-druzhel-so-ajnshtajn-smetal-deka-e-ludak-shto-e-vistina-a-shto-izmislica-vo-filmot-11.jpg

Виситина е дека Опенхајмер верувал дека ќе загинат само 20.000 луѓе

Кога се зборува за потенцијалните ефекти од атомските бомби во филмот, Опенхајмер вели дека најверојатно бројката на загинати би достигнала до 20.000 жртви.

Според некои верувања, научниците во тоа време немале точна методологија за да утврдат колкав би бил бројот на жртви, а физичарот Артур Комптон тврдел дека Опенхајмер му рекол оти смета дека бројот на жртви бил околу 20.000 лица.

openhajmer-ne-se-druzhel-so-ajnshtajn-smetal-deka-e-ludak-shto-e-vistina-a-shto-izmislica-vo-filmot-09.jpg

Вистина е дека физичарот Ричард Фајнман го гледал тестирањето на атомската бомба од автомобил

Иако на оние што го погледнале филмот им се чини неверојатно, сепак факт е дека физичарот Ричард Фајнман го гледал тестирањето на атомската бомба, познат и како Trinity Test од автомобилот.

Тој верувал дека стаклото од автомобилот ќе го заштити од ултравиолетовите зрачења.

„Јас сум веројатно единствениот човек што го виде со голо око“ – рече тој во една пригода и напомена дека сите други ја набљудувале експлозијата со темни очила.

openhajmer-ne-se-druzhel-so-ajnshtajn-smetal-deka-e-ludak-shto-e-vistina-a-shto-izmislica-vo-filmot-08.jpg

Опенхајмер никогаш јавно не кажал дека се кае за фрлањето на бомбите

Во филмот Луис Штраус вели дека Опенхајмер повторно би го направил истото и дека никогаш не зажалил за фрлањето на бомбите.

Според историчарот Алекс Велерстин тоа е факт и Опенхајмер никогаш јавно не изразил каење, но нему не му се допаднало она што дошло подоцна: трката за поголемо и помоќно вооружување.

openhajmer-ne-se-druzhel-so-ajnshtajn-smetal-deka-e-ludak-shto-e-vistina-a-shto-izmislica-vo-filmot-07.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Хали Бери не се туширала, Кристијан Бејл јадел живи црви: Одвратни работи што актерите ги направиле ... За да го долови очајот на неговиот лик на затвореник во Rescue Dawn, Кристијан Б...
Холивудски актери кои изгубиле милиони бидејќи одбиле улоги Можете ли да го замислите Вил Смит како Нео од The Matrix? А, Мет Дејмон во глав...
Актери со огромна (и вознемирувачка) возрасна разлика кои глумеле романтични парови Гвинет Палтроу имаше само 26 години кога глумеше во Perfect Murder со тогаш 54-г...
Ја дрогирале Џуди Гарланд, организирале оргии: Скандалите на снимањето на „Волшебникот од Оз“ Иако ужива статус на култен филм, снимањето на „Волшебникот од Оз“ во 1930-тите ...
Тврдат дека татко им ги силувал како момчиња, па затоа го убиле – Кои се браќата Менендез за кои Нет...  „Ме тераше да го масирам и орално да го задоволувам“ – тврдеше Ерик Мененд...
Леонардо ди Каприо почнал да глуми на 5 години - Кои се првите улоги на холивудските ѕвезди? Леонардо ди Каприо имал само 5 години кога првпат се појавил на телевизија, Ната...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg