„Во Дубаи можете да се храните по ресторани, но и да купите храна од супермаркет, како што направивме јас и сестра ми. Бевме во Carrefour, во кој има од пиле млеко - цела количка ја наполнивме, купивме подароци и плативме околу 100 евра за тоа. Има и локални ресторани каде што храната е по пристапни цени“, вели Јелена Спенџарска за патувањето во Дубаи.