Скопје, 4 септември 2017 г. – Обележувајќи го својот 15-годишен јубилеј, Еуролинк осигурување ги наградува своите клиенти на Доми Комплет со вреден подарок. Имено, клиентите кои ќе го осигураат својот дом и ќе склучат тригодишен договор за лојалност за Доми Комплет на Еуролинк, покрај привилегираната цена од 365 денари годишно за првата година на станбеното осигурување, добиваат и вреден подарок. Оваа понуда се однесува на сите нови клиенти, но и на постоечките кои ќе го одберат Доми Комплет во промотивниот период до 30 септември оваа година...