Ограничен број на влезници по поволна цена се достапни за студентите, заинтересирани за учество на AllWeb, конференцијата за дигитален маркетинг што ќе се одржи на 17 ноември во Драмски театар, во Скопје. По специјална цена студентите добиваат можност, како и минатите години, да ги слушнат презентациите за новите трендови во дигиталниот маркетинг и бизнис иновации, донесени од страна на врвни експерти во областа. Овој тип на влезници се достапни за купување исклучиво онлајн, на allweb.mk...