Музиката е алатка за поттикнување емоции и мемории, па затоа и е опишана како јазик на емоции. Не е ни чудно што најжешките подиуми за играње и најдобрите забави се полни со адреналин, среќа и возбуда. Колку пати ви се случило кога одите на забава да препознаете добра емоција дури и кај луѓето кои не ги познавате? Тоа е музика, тоа се измешани сетила, тоа е адреналин. Најдобрите забави се најдобар показател за лудилото кое музиката го носи со себе, разбранета публика, која е дојдена само за да ги вклучи сите свои сетила. Возбудата е иста, и од страна на музичарот и од страна на публиката, сите тие копнеат по исти емоции и цели, по иста возбуда и рушење на бариерите...