Шест млади тркачи ги бранеа боите на меѓународното училиште НОВА на интернационалниот натпревар по крос-кантри трчање кој се одржа минатиов викенд во Чешка. Во конкуренција на 13 тима и спортисти од училиштата во Прага, Краков, Варшава, Виена, Москва, Минск, Киев, Софија, Сараево и Тирана, нашите спортисти достојно се претставија на големиот натпревар. Тркачите беа основци и средношколци од училиштето, кои си ги измерија силите со своите врсници од други меѓународни училишта...