По шест месечните активности, заврши успешно реализацијата на проектите каде Макпрогрес и Црвен Крст вклучија околу 50 деца со посебни потреби од повеќе градови во земјата. Целта на овој проект беше да им се овозможи на овие деца инклузија во заедницата и нивна социјализација, вклучително и и нивен развој и благосостојба. Во периодот од јуни до декември 2017 година, во Струмица, Куманово, Виница и Штип, дечињата беа вклучени во спортски активности, креативни работилници, хуманитарни продажни изложби, психолошка поддршка и едукации за децата и родителите на децата, многу патувања, другарувања и летен одмор...