„Идеално сценарио за нашиот мини одмор по повод една година од нашата врска: Мала, дива плажа, кристално чиста и топла вода, ти и јас и апсолутно никој наоколу“, напиша Јелена Спенџарска, а на последниот ден од одморот ја сподели својата мала авантура: „Јас и мојот капетан“.
Раперот Таско ужива во семејниот живот, а неговата емотивна објава по повод годишнината од љубовта со Таша гласи: „За уште една година љубов, која се продлабочи уште повеќе, за семејството кое станува посилно и за жената која е олицетворение на љубов и благодат...“
Со торта, свеќички со бројот „37“ и најсаканите покрај него, Слаткар го прослави својот роденденден. Синот Моша, кој му пееше песничка, веќе е големо момче, со небесно сини очи, идентични на оние на татко му.
Од вечерни излегувања до прошетки и одмори, Ивона Јо и нејзината пријателка, исто така музичарка, Тамара Волческа се неразделни. Ивона Јо блеска во бикини на плажа...
„Идејата за поканата, на која е нагласено дека ќе собираме донации, ни дојде случајно. Ивана има дете од првиот брак, го сака многу и знае како со деца и затоа сакаме да помогнеме на дечиња кои имаат потреба од тоа“, вели Миро Кацаров и додава дека на свадбата ќе има повеќе од 400 гости, над 15 музички артисти и црвен тепих.
Во монохроматски стајлинг, Тамара Тодевска изгледа поубаво и посреќно од кога било, пејачката очигледно живее одлични мигови, како на професионален, така и на приватен план.
Фотографите од цел свет ја фотографираа оваа прекрасна глетка на небото, а метеорите фотографирани над Куманово и Кратово ги објави и „BBC“.
Сопругот на Антониа Гиговска, музичарот Роберт Спасенцовски, ужива со синот во раце, композиторот Роберт Билбилов и јога инструкторката Лејла Рамковска ја потврдија својата љубовна врска со првата заедничка фотографија на Инстаграм, Илина Арсова е на авантуристичко патување во Боливија, каде се дружи и со локалци...
Природните богатства на Македонија ја ставаат на списокот со најмногу планини, но и најстарото езеро во Европа. Плодната македонска почна го раѓа најсилниот опиум, а македонските рудници кријат многу тајни и ретки и вредни природни елементи и скапоцености. Античките Македонци биле интелигентен народ, па затоа ја имаме и една од најстарите опсерватории низ светот. Многу светци поминале низ Македонија и оставиле силни докази за културата и историјата.
Топлите летни денови ги намамија познатите дами на плажа, а тие покажаа дека одлично изгледаат во костими за капење.
Нашата позната модна инфлуенсерка Александра Шијакоска денес го слави 90-иот роденден на нејзиниот дедо. На Инстаграм стори таа објави повеќе фотографии и видеа со кои покажа како изгледа славеничката атмосфера.
Позира во црно сако и долна облека, со високи потпетици и мрежести хулахопки... Мора да признаете дека Јелена Јовановиќ Периќ изгледа неодоливо во најновата фотосесија, објавена на нејзиниот Инстаграм профил.
„Кучево е пред болница во Прилеп. Трчало по возило на итна помош во кое се превезувал газдата со мозочен удар. Два дена го чека пред болница сопственикот и не јаде. Која е оваа љубов луѓе?“, пишува Славко Дамјановски на Фејсбук.
„Wang е дечкото од Кина кој во Пекинг на плоштад ги пее песните од Тоше. Ја сака Македонија, учи македонски и конечно му се оствари желбата да дојде во Крушево. И понатаму сè ви е јасно“ - вели надобриот другар на Тоше кој објави видео на Инстаграм.
Актерката Катина Иванова почина на 72-годишна возраст. Веста за нејзината смрт денеска (10 август) ја споделија од Македонскиот народен театар, каде таа работеше повеќе од 40 години.
„Драги мои ова е фамозната баба Ѓурѓа која што изминатиов период беше постирана на повеќето портали. Баба Ѓурѓа има 92 и веќе влегува во 93-та година. Таа секој ден од попладневните часови, па сѐ до вечер продава цвеќиња. Но, сега има гипс – паднала додека ги местела цвеќињата“, гласи објавата на Билјана Јаневска.
Во розов костум за капење, но и во прекрасен шарен фустан, Јана Серафимова преку фотографиите и видеата што ги објавува на Инстаграм се обидува да ни ја долови убавината на местото каде што во моментов се наоѓа на одмор со сопругот.
„Македонија со сигурност е скриен бисер во Европа и земја во која ќе запознаете некои од најдобрите луѓе што сте ги сретнале во својот живот“ – вели на крајот од своето видео патувачкиот блогер Роберт Дачешин кој посетил 93 земји, а нашата земја ја вбројува меѓу најдобрите европски дестинации.