„Овде е хаос, исплашени сме, не престанува да врне. Автомобилите веќе до половина ни се во вода. Забрането е движење, освен ако некаде не мораш да одиш итно. Мојот сопруг вчера отиде на работа, но ги пуштија дома затоа што снемале струја на работното место…“, раскажува Јадранка Лефкелис Ташкова oд Валандово за CRNOBELO.com, која веќе 15 години живее во Волос, Грција.