Пакомак ги собра на едно место општествено одговорните кафулиња од Скопје кои редовно ја собираат својата, пред сè стаклена амбалажа, во посебни канти на Пакомак, за потоа да се рециклира, наместо да заврши на депонија. Целта на ваквиот собир е да им се укаже благодарност за совесноста и иницијативата да бидат дел од оваа акција која има за цел да ја подигне свесноста на повисоко ниво во однос на третманот на отпадната амбалажа. Покрај сопствениците на кафулињата, рестораните и претставници од Пакомак на настанот присуствуваа и претставници од општините: Карпош, Аеродром и Центар, кои го препозна значењето на овој настан и ја дадоа својата безрезервна поддршка...