Сирењето е храна за која се верува дека има традиција од околу 8000 години. Денес тоа е една од кулинарските намирници што ни се достапни во текот на целата година, а сите љубители на сирењето уживаат во различен вкус секогаш кога сакаат. Го има во различни форми, бои, текстури, цврстина, со разни мириси и ароми. Сето тоа зависи од многу фактори чие изучување стана вистинска уметност. Типот на млеко, бактериите, киселините во процесот на ферментација, должина на ферментација и ароми - се некои од основните детерминирачки фактори за крајниот производ...