Милица (18) од Кавадарци за „Ѕвездите на Гранд“: „Мили е одличен ментор, ќе настапам во уште похрабар аутфит“
- Детали
- вторник, 07 март 2023
„За вакво големо шоу како „Ѕвездите на Гранд“ сметав дека треба да се пријавам кога ќе наполнам 18 години затоа што оваа голема сцена не бара скромност, напротив бара нешто необично, несекојдневно“, вели Милица Ризо Трајков (18) од Кавадарци за CRNOBELO.com. Таа е ученичка во 4-та година и најавува уште посмели креации.
Милица Ризо Трајков (18) од Кавадарци е ученичка во 4-та година во гиманзијата „Добри Даскалов“ Кавадарци.
Таа остави силен впечаток со последниот свој настап во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, односно со нејзиниот смел аутфит.
Во слично издание ја видовме и во претходниот круг.
Претходниот круг
Милица за CRNOBELO.com вели:
„Првите почетоци со музиката ми се уште од најрана возраст на 5 години со настап на детскиот фестивал „Гроздоберче”. Од таму започна сè.
Мојот талент го откри мојата мајка и од тогаш до ден денес моите родители ми се најголемата поддршка. Талентот кој го поседувам ми е наследна особина од мајка ми.
За вакво големо шоу како „Ѕвездите на Гранд“ сметав дека треба да се пријавам кога ќе наполнам 18 години затоа што оваа голема сцена не бара скромност, напротив бара нешто необично, несекојдневно.
Овој круг
На сцената секогаш се трудам да изгледам совршено. За стајлинзите во изминатите три круга се грижи цел тим, со кој заеднички одлучуваме да се претставам во најдобро светло.
Инспирацијата за стајлингот секогаш ми е во склоп со музиката.
Планови за во иднина имам многу, но имам само 18 години и животот е пред мене. Верувам во себе и во моите амбиции и се надевам на голем успех.
Мој ментор е Александар Милиќ Мили, кој е одлична личност. Со него буквално работиме и на пеење и заеднички одлучуваме за стајлингот. Воглавно фокусот секако е насочен на пеењето.
Пробите често се во живо, но доколку не сум во можност поради училишните обврски да патувам во Белград, пробите се одвиваат онлајн.
По последниот настап се крена толку голема прашина околу мојот стајлинг.
На коментари од кој било тип бев спремна уште пред да влезам во шоуто. Нема да дозволам некои од коментарите да ми влијаат за следниот настап, напротив ќе излезам уште похрабро со повозбудлива креација.“