Кавадарчанката Милица Ризо Трајков (18) со впечатлив аутфит во „Ѕвездите на Гранд“ (фото+видео)
- Детали
- недела, 05 март 2023
Mладата кавадарчанка се појави во смел аутфит на сцената на „Ѕвездите на Гранд“. Благодарение на добрата изведба и впечатливиот настап Милица Ризо Трајков обезбеди учество во баражот.
Кавадарчанката Милица Ризо Трајков настапи во шоуто за таленти „Ѕвездите на Гранд“, каде ги испеа песните „Нека те боли“ од Лина Пејовска и „ Ne Tiče Me Se“ од Магазин.
Милица имаше одлична изведба, доби четири гласа и освои место во баражот, а особено внимание привлече со ексцентричниот стајлинг.
Младата кавадарчанка на сцената се појави со смел комбинезон во боја на кожа со црни детали кои потсетуваат на танга бикини и впечатлива шапка.
Таа се пофали дека дизајнер на аутфитот што го носи на сцената е Боркица Queen од Кавадарци.
Погледнете повеќе фотографии во продолжение:
Погледнете го настапот на Милица (почнува на 1:41:00):
Б. С. Б. | Црнобело