Ќерката на Мики и Светлана, Моника Црнокрак е Мис фотогеничност на Европа: „Ова ќе го паметам цел живот“
- Детали
- петок, 03 март 2023
Ќерката на Мики и Светлана Црнокрак, Моника (24) ја освои титулата Мис фотогеничност на изборот за Мис Европа во Бејрут, Либан. За CRNOBELO.com таа вели: „Во Либан поминавме прекрасни две недели со другите кандидатки од цела Европа во подготовки за големото финале, но и со многу забава, дружење и прошетки“.
Моника Црнокрак (24) е избрана за Мис фотогеничност на овогодишниот избор за Мис на Европа, што се одржа во Бејрут, Либан.
Моника, која е ќерка на Светлана и Мики Црнокрак, ја освои титулата во конкуренција на девојки од 35 држави.
Таа за CRNOBELO.com вели дека е пресреќна што ќе се врати со титула, а ни откри и дека се заљубила во Либан, па наскоро сака пак да ја посети оваа земја.
„Во Либан поминавме прекрасни две недели со другите кандидатки од цела Европа во подготовки за големото финале, но и со многу забава, дружење и прошетки низ целиот Либан, кој на мене остави навистина фантастичен впечаток“, рече Моника за CRNOBELO.com.
Таа додава дека е пресреќна поради титулата која ја освоила не само за себе, туку и за Македонија и за Модното студио Црнокрак.
„Ова e едно прекрасно искуство кое сигурно ќе го паметам цел живот“, рече таа веднаш по финалето од Бејрут.
За Мис на Европа 2023 е избрана претставничката на Италија, а прва придружничка е Мис Русија.
Изборот се одржа во театарската сала на Casino Du Liban во Бејрут, во организација на Style Events Organization. Тие традиционално го организираат овој најголем европски избор за убавина во Бејрут.
Модното студио Црнокрак ја поседува лиценцата за овој најголем европски избор за убавина за Македонија. Тие изминативе години остварија голем успех на натпреварувањето, а секоја година некоја од девојките од студиото освојува титула на изборот.