„Ако девојката не те нервира, таа е фејк“ – Кенијка, омажена во Македонија, е хит на ТикТок со забавните видеа
- Детали
- вторник, 31 јануари 2023
„Ако се гледаш со многу момци, тоа не значи дека ти си убава. Запомни дека евтината роба секогаш има многу муштерии.“ гласи едно од шеговитите обраќања на Емакулате Вандера Блажеска од Кенија, која живее во Скопје.
фото: Инстаграм
Емакулате Вандера Блажеска од Кенија во име на љубовта се пресели во Македонија. Oд 2018 година живее во Скопје со својот сопруг Михајло, со кого ја има и ќеркичката Дариа.
За CRNOBELO.com досега има зборувано колку ѝ се допаѓа животот во нашата држава.
Таа е ведра, забавна и харизматична, па со помош на својата смисла за хумор стана хит на ТикТок со интересните видеа кои ги снима. Има повеќе од 58.000 следбеници.
Теми има најразлични, но најзабавно е кога говори за машки женските односи.
Дел од нејзините видеа:
„Ако се гледаш со многу момци, тоа не значи дека ти си убава. Запомни дека евтината роба секогаш има многу муштерии. Chinatown.“
@warawara2_ #macedoniantiktok #fyp #balkantiktok ♬ original sound - Emm Blazeska
„Ќе ти кажам нешто – ако девојката не те нервира, тогаш таа е фејк. Фејк! Вистинските девојки се како зли духови. Зли духови!“
@warawara2_ #balkantiktok #fyp #macedoniantiktok ♬ original sound - Emm Blazeska
„Дечки, знам дека сите си имаат омилена облека. Ама мажите претеруваат. На пример може да носат иста маица цела недела, а имаат милион други и не ги носат.
Ако облеката имаше нозе, ќе избегаше од нив. Некогаш мислам да ги сокријам или запалам некои тренерки или маица.“
@warawara2_ #macedoniantiktok #fyp #balkantiktok ♬ original sound - Emm Blazeska
Прочитајте и Емакулате, Кенијка омажена за Македонец: „Мојата свекрва е незаменлива, македонските мажи не знаат да танцуваат“
С. С. | Црнобело