Го носат на лежалка, скршена кацига - Стефан Спирковски објави вознемирувачки фотографии од несреќата со АТВ на Караџица
- Детали
- среда, 07 декември 2022
„Поговорката ‘Не знаеш денот што ти носи’ ја осетив на моја кожа на Митровден, кога тргнав на адреналинска авантура, а завршив во болница. ,Секое лошо за добро е' исто така го осетив на моја кожа“ – вели младиот Стефан Спирковски кој пред еден месец имаше несреќа со квадрицикл на Караџица, а сега одлично закрепнува.
Еден месец по страшната несреќа на Караџица, односно Бегово поле, кога возејќи се на квадрицикл управуван од негова пријателка падна во провалија, Стефан Спирковски направи ретроспектива на сето она што го поминал во изминатиот месец.
„Поговорката ‘Не знаеш денот што ти носи’ ја осетив на моја кожа на 8.11.2022 – Митровден, ден кога тргнав на адреналинска авантура, а завршив во болница.
‘Секое лошо за добро е’ исто така го осетив на моја кожа. Луѓе познати и непознати секој со сѐ што беше во нивна можност ми пружија несебична помош.
Благодарение на сите Вас, јас, денес, за неполн месец сум повторно во теретана (мојот втор дом) и сум физички активен.
Денес со слики и видеа направив една ретроспектива за мојот живот во изминатиот месец…
Уште еднаш фала Ви на сите за сѐ што направивте за мене“ – напиша тој во најновата објава на Инстаграм.
Кликнете на стрелките во објавата за да ги погледнете сите видеа:
Инаку, непосредно по несреќата нашиот модел и фитнес инфлуенсер веднаш се огласи директно од болница и појасни дека другарката на сестра му го возела квадрициклот и на една кривина излетала, по што паднале во провалија длабока околу 50 метри.
„Среќа што имавме кациги. Јас поминав со скршеница на раката, скршени две ребра и мало оштетување на црниот дроб, но ме снимаа и мислам рекоа дека е добро. Страшна беше ситуацијата“ – рече тој додека сѐ уште беше во болница.
Стефан тогаш појасни дека по несреќата се задржал на две гранки и 4 часа чекал да дојдат од Пожарникарна служба и Црвен крст.
Погледнете ги фотографиите од несреќата во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело