Доктор од Штип со саканата се еден од најфит паровите во Македонија (фото)
- Детали
- петок, 23 септември 2022
Со мускулести тела и комплетно посветени на тренинзите и 5-6 пати неделно, Александар Стојменов (35) и Стефанија Тиквешанац (20) се еден од најфит паровите во Македонија... Тој е доктор кардиолог, а таа студент на медицина.
Александар Стојменов (35) е доктор кардиолог од Штип и вљубеник во фитнесот, а тоа се гледа на фотографиите на неговиот Инстаграм профил, каде има повеќе од 9.000 следбеници и постојано објавува фотографии од тренинзите.
Тој веќе неколку години е во врска со Стефанија Тиквешанац (20), студентка на Медицински факултет, односно на Медицинска школа за сестри.
За нивната љубовна врска доктор Стојменов открива детали за CRNOBELO.com:
„Се запознавме во теретана, очигледно е, зарем не? Тоа беше договарајќи заедничко снимање на емисија за фитнес.
Тогаш почнавме да комуницираме и така и ни започна врската.
Често тренираме заедно, особено кога станува збор за тренинзи за нозе. Тренираме 5-6 пати неделно, а јас некогаш тренирам и по двапати на ден.
Обврските ни се распределни, па во домот јас сум одговорен за готвењето, а таа за редот и хигиената.“
Повеќе фотографии од фит парот: