Најпознатата Македонка во Австралија е бремена по 4-ти пат: „Штом најдам баланс во животот останувам бремена“ (фото)
- Детали
- вторник, 12 април 2022
По учеството во реалното шоу „The Bachelor“ каде го освои срцето на ергенот Сем Вуд, таа стана една од најпознатите Македонски во Австралија. Снежана Маркоски е бремена по 4-ти пат и редовно споделува фотографии од својот приватен живот на Инстаграм, а овојпат ја уловија и папарацо фотографите од светските медиуми.
Снежана Маркоски (41) е Македонка која живее во Австралија. Таа се прослави со своето учество во третата сезона од австралиското реално шоу „The Bachelor“, кога му го освои срцето на ергенот Сем Вуд (41).
По учеството во реалното шоу Снежана и Сем се свршија во 2015-тата година, а редовно објавуваат бајковити фотографии од нивниот заеднички живот со трите деца.
Деновиве таа беше фотографирана на прошетка со сопругот и ќеркичката, а во тесни хеланки и маица го покажа и трудничкиот стомак.
Снежана во моментов е во 30-та недела од бременоста, така што наскоро очекуваат да го добијат новиот член во семејството Вуд.
Убавата Македонка неодамна говореше во поткастот на нејзиниот сопруг The Wood Life podcast и рече дека секојпат кога ќе пронајде баланс во животот останува бремена.
Сем вели дека и по три деца, неговата сопруга сè уште не успеала да научи како добро да го менаџира времето, па често ѝ се случува да има изливи на нервоза поради тоа.