Тамара Тодевска восхитена од настапот на 11-годишната гостиварка: „Таа одржа лекција по пеење“
- Детали
- петок, 11 март 2022
„11-годишната Тамара Грујевска држи лекција“ – напиша на Инстаграм Тамара Тодевска откако имаше можност да слушне како звучи нејзината песна Proud во изведба на малото девојче што неодамна освои „Гран При“ награда на фестивал во Русија.
11-годишната Тамара Грујевска од Гостивар беше гостинка во емисијата „Неделен магазин“, а таму ја испеа песната Proud со која Тамара Тодевска настапи на изборот за песна на Евровизија во 2019-та година.
Нејзиниот настап повторно привлече огромно внимание, а по тој повод се огласи и самата Тамара Тодевска на својот Инстаграм профил. Таа на Инстаграм Стори објави фотографија од девојчето на која напиша:
„Единаесетгодишната Тамара Грујевска одржа лекција! Браво среќо, ти посакувам многу исполнети сништа.“
Слушнете ја изведбата на малата Тамара во продолжение:
Инаку, 11-годишната Тамара на почетокот на оваа година ја освои Гран При наградата на интернационалниот фестивал „Golden stars rain“ во Русија во конкуренција од 150 учесници.
Таа на фестивалот се претстави со изведба на песната „I Have Nothing“ на Витни Хјустон и евровизиската „Црно и бело“ на Калиопи.
Во емисијата, своја изјава даде и Андријана Јаневска, која е ментор на Тамара по естрадно пеење:
„Навистина чест и задоволство на секој наставник е да има ваков ученик и ваков неверојатен талент, затоа што не е ни малку лесно да се работи со ваков извонреден вокал и секој час претставува предизвик“ – вели таа.
Тамара во емисијата исто така ја изведе и песната со која Калиопи нѐ претставуваше за изборот на песна за Евровизија во 2012-та година, „Црно и бело“.
Слушнете ја нејзината изведба во продолжение:
Tamara Grujevska Crno i belo vo zivo vo emisijata Nedelen Magazin MRT
Posted by Dejan Grujevski on Sunday, March 6, 2022
Прочитајте и Гордост за Македонија: 11-годишната Тамара од Гостивар освои Гран При на фестивал во Русија (видео)
Б. С. Б. | Црнобело