Србинките се „слаби“ на нивниот Иван Босиљчиќ, но и Македонија има романтичар и заводник од тој тип (фото)
- Детали
- четврток, 18 ноември 2021
Секогаш одмерен, со моќен вокал и со совршен моден стил како вистински господин, овој Македонец остава силен впечаток каде и да се појави. Ќе се согласите ли дека потсетува на заводникот од Србија Иван Босиљчиќ?
Иван Босиљчиќ е висок, црн, мистичен со прекрасна насмевка... Знае да глуми, пее, рецитира поезија, па не е ниту чудно што е миленик на жените од целиот регион.
Станува збор за српски актер, роден 1979 година во Ужице, најпознат по улогите „Ranjeni orao“, „Greh njene majke“, „Nepobedivo srce“ и „Urgentni centar“. Во брак е со пејачката Јелена Томашевиќ.
Тој во последните години се пробива на рускиот пазар и ги следи стапките на Милош Биковиќ кој веќе се вбројува во најангажираните актери во Русија.
Иван има студирано глума во Нови Сад, а по дипломирањето во 2003 година се преселил во Белград.
Миленик е на женската публика поради тоа што знае кој е патот до женското срце. Искрени емоции и романтична атмосфера има каде и да се појави.
Токму таков е и нашиот Павле Камилоски.
Станува збор за висок црнокос заводник, чиј глас е мелем за душа. Тој организира прекрасни музички настани на кои со изведба на прекрасни италијански композиции со својот моќен вокал тенор нè носи на патување во Италија. Но, има и свои музички дела.
Секогаш одмерен, со совршен моден стил како вистински господин, Павле остава впечаток каде и да се појави.