Нов моден погодок на Првата дама на Македонија: „Госпоѓа Елизабета сама отиде во продавницата за материјали“
- Детали
- вторник, 13 јули 2021
Ексклузивно за CRNOBELO.com Ненад Секирарски, дизајнерот на креацијата на Првата дама на Македонија за на Охридско лето, открива каква е таа за соработка.
Првата дама на Македонија е позната по префинетиот моден стил, а на отворањето на Охридско лето повторно направи моден погодок со смарагдна креација од македонскиот дизајнер Ненад Секирарски.
Покрај нашиот претседател Стево Пендаровски, таа изгледаше елегантно и соодветно за пригодата.
Го контактиравме дизајнерот заслужен за оваа креација, а тој за CRNOBELO.com ексклузивно открива каков соработник е Првата дама на Македонија:
„Дизајнот имаше за цел да ја долови охридската калдрма која сè помалку ја има. Темно зелената боја мислам дека одлично ѝ прилега на Првата дама, но исто така е добар избор за настанот, елегантна и смирена.
Госпоѓа Елизабета е прекрасен соработник со точно изграден став и иако на далечина, поради тоа што живеам на Бали, успешно ги усогласивме идеите за дизајнот. Без проблем, сама и покрај обврските, отиде во продавницата за материјали за да помогне во изборот“, изјави дизајнерот Ненад Секирарски за CRNOBELO.com.
Во текот на изминатиот период Елизабета Ѓоргиевска ја видовме уште во две совршени модни изданија:
Прочитајте и Свилената марама ѝ е заштитен знак - совршениот стил на Елизабета Ѓоргиевска, првата дама на Македонија
С. С. | Црнобело / Фото извор: Инстаграм Стево Пендаровски и Инстаграм Елизабета Ѓоргиевска