Според последните анализи и податоци, загадувањето на воздухот во Скопје константно се намалува

Во рамки на активностите на Град Скопје, Владата на РСМ и општините во главниот град, според последните анализи изготвени врз основа на официјалните податоци за квалитетот на воздухот и животната средина, бројките покажуваат стабилно намалување на загадувањето на воздухот во главниот град.

spored-poslednite-analizi-i-podatoci-zagaduvanjeto-na-vozduhot-vo-skopje-konstantno-se-namaluva-01.jpg

Драстични промени во просечната температура во изминатите 6 години нема; средната температура во најголемиот дел од времето се движи околу 14 степени, мерени по Целзиусовата скала, податок што самиот по себе кажува дека температурата не е причина за намалувањето на загадувањето. Слична е и ситуацијата со ветровите - во периодот од 2015-та до 2020-та година, состојбата е речиси непроменета. 

Кога би се направил осврт на врнежите, согласно податоците добиени од официјалните мерни станици, очекувавме 2018-та, 2019-та и 2020-та година да бидат поврнежливи во однос на 2015-та, 2016-та и 2017-та. Но податоците велат дека најмалку врнежи имало во 2019-та година, односно 379.10 mm, а најмногу, речиси 2 пати повеќе, имало во 2016-та година со 682.90 mm. Кај загадувањето на атмосферскиот воздух и ПМ 10 честичките, ситуацијата е спротивна. Во 2019-та измерено е средно ниво на 51.53 µg/m3, кое е далеку помало од 2016-та година, со 71.91 µg/m3 средно годишно ниво на ПМ10 честички. 

Заклучокот на крајот на анализата вели дека ветровите и температурата не се главниот фактор за намаленото загадување на воздухот. 

Град Скопје, Владата на РСМ и општините во градот, со заеднички заложби и спроведувањето на низа активности за изведба на ново и зачувување на постојното урбано зеленило, промоцијата на велосипедот како алтернативно средство за транспорт, изведбата на нови велосипедски и пешачки патеки и реконструкцијата на постоечките, во одредена мера придонесуваат кон намалување на загадувањето на животната средина.

Со координирани и конкретни активности кои го промовираат здравото урбано живеење, кампањите за подигнување на свеста за зачувување на животната средина, но и идните проекти кои се планирани за изведба во Скопје и околината, дополнително ќе придонесат кон намалување на загадувањето на воздухот и средната концентрација на ПМ 10 честички во воздухот.   

Имајќи ги предвид досегашните средни податоци, добиени од официјалните мерни станици, за периодот од 2015-та до 2020-та година, забележителен е трендот на намалување на загадувањето на атмосферскиот воздух во Скопје.

Би можело да ве интересира:

Скопје е совршена пролетна дестинација според „The Times“: Фасцинантен град со богата гастрономска к... Реномираниот магазин „The Times“ го опиша нашиот главен град како фасцинантно ме...
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, Дарио Ивановски спортист на годината Скопје (12.11.2024 год.) - Сојузот на спортови на Скопје, денеска по повод ослоб...
Од Скопје повторно ќе се лета до Барселона и Дубаи – нови авиолинии од Скопскиот и Охридскиот аеродр... На големо очекување на сите, повторно се враќаат авионските линии кои го поврзув...
Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
10 локали во Скопје, совршени за летно освежување со коктели Наместо со грч ладно пиво, зошто од летните горештини да не се освежите со добар...
10 локали во Скопје со здрава (и вкусна) храна Авокадо, Залче, Healthy Dose... низ Скопје има бројни локали кои нудат здрава, н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg