Македонска новинарка со емотивна исповед: „Ова сум јас, се сликам без перика, од кога знам за себе живеам со алопеција“

„Од кога знам за себе живеам со алопеција. Пред 3-4 години некако проценив дека баш во 2021-ва ќе ја извадам периката (која и да е и каква и да е) и ќе се сликам без неа - со коса, кратка...“, ја почнува својата емотивна исповед Цеце Николова.

makedonska-novinarka-so-emotivna-ispoved-ova-sum-jas-se-slikam-bez-perika-od-koga-znam-za-sebe-zhiveam-so-alopecija-01.jpgФото: Мартина Трајковска /Инстаграм

Цеце Николова веќе години наназад работи како новинар низ разни македонски медиуми, а позната е по тоа што сака да прави промени во стилот. Некогаш ја гледаме како бринета со боб фризура, другпат како долгокоса русокоса.

Сега, младата македонска новинарка собра храброст и отворено покажа и проговори со што се соочува.

Позираше без каква било перика на себе и кажа дека откако знае за себе живее со автоимуната болест алопеција.

Нејзината емотивна исповед ја пренесуваме во целост:

„Хај. Мала дигресија. Сакав да ви кажам нешто.

Ова сум јас. Драго ми е што се упознаваме.

Од кога знам за себе живеам со алопеција. Пред 3-4 години некако проценив дека баш во 2021-ва ќе ја извадам периката (која и да е и каква и да е) и ќе се сликам без неа - со коса, кратка.

Ама, кај мене никогаш нешто планирано не се десило. Одувек.

Пркни малку, падни многу, пркни повеќе - падни највеќе.

2021-ва дојде. Ја, еве, се сликам без перика. 

Ова сум јас, луѓе.

makedonska-novinarka-so-emotivna-ispoved-ova-sum-jas-se-slikam-bez-perika-od-koga-znam-za-sebe-zhiveam-so-alopecija-02.jpgФото: Мартина Трајковска / Инстаграм

Малку се преморив од перики и све што носат тие со себе. Многу внимавање, многу стрес (непотребен) - мрежа се гледала, корен немало, се лизга, ќе ми падне, овој ме гледа, оној примети, онаа рекла се занасам нешо...

Среќна сум што имам алопеција, зошто од неа не се умира! Само, еве, изгледам како што изгледам. Ама, фала богу што изгледам како што изгледам.

Ова не е ништо друго освен многу работа на себе, многу, многу стрес преживеан, многу работи извадени од под тепих - заборавени една деценија, и вртење на еден нов, многу вистински животен лист.

И, стварно нема поубаво од кога ќе се прифатиш каков што си.

Ама нека не ве лажат, лесно не е ич.“

Секоја чест за храброста на Цеце и за тоа што со својата јавна исповед охрабрува многу луѓе кои се соочуваат со истото да говорат јавно и да ја прифатат својата состојба, а најважно од сѐ да знаат дека не се сами.

Повеќе фотографии од Цеце на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Ламбе Алабаковски за татковството: „Сакам и ќерка по двата сина“ „Самото породување за мене беше еден голем, возвишен чин, со измешани емоции, ра...
Димитар ја запроси саканата Стефани под ѕвезденото небо на Тунис (видео) „Тој порача шише вино во соба, но не ми беше чудно зашто често ми прави романтич...
Скопјанката Моника кажа „да“ на Саемот за венчавки: Саканиот ја запроси на ревија, додека носеше кре... „Иако долги години сме во врска, не помислив дека мојот сегашен вереник ќе собер...
Трогателна објава на Македонка: „Да се бориш со канцер е страшно, да се бориш втор пат со канцер е п... „Како се гледам после операцијата и губењето на двете гради? Најнормално, женств...
Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg