Фото на денот: Инспиративната Макфире Шакири е возач на автобус во ЈСП повеќе од 16 години
- Детали
- петок, 12 март 2021
Макфире Шакири повеќе од 16 години работи како возач на ЈСП, а нејзин заштитен знак се силата, посветеноста и насмевката. Нејзината фотографија ни е позитива на денот!
Макфире Шакири со години е една од најинспиративните жени во Македонија. Таа е една од ретките жени што работи како возач во ЈСП, а згора на тоа е самохрана мајка и успева да постигне сѐ.
Kaко возач во ЈСП работи од 2005 година. Од двојни смени до соочување со некултурни патници, во својата кариера се има сретнато со најразлични ситуации.
Но, со сето тоа се справува со насмевка затоа што едноставно си ја сака професијата.
Во видео интервју од 2019-та за CRNOBELO.com таа раскажа како изгледа нејзиниот работен ден, погледнете го ТУКА.
Утринава (12.03) Макфире повторно испрати доза позитива на социјалните мрежи откако позираше покрај автобусот што го вози и напиша:
„Добро утро од Огњанци! Ви посакувам убав ден добри луѓе...“
Оваа фотографија што зрачи со убава енергија дефинитивно ја прогласуваме за позитива на денот.
Фото: Фејсбук Макфире Шакири
С. С. | Црнобело