По повод Денот на вљубените - Над 1500 писма испратени преку Љубовната пошта на Скопје сити мол
- Детали
- среда, 14 февруари 2018
(Скопје, 14.02.2018) - Вистинска љубовна еуфорија деновиве владееше во Скопје сити мол. Повеќе од 1500 писма се испратени досега како дел од кампањата „Испрати љубов“ која по повод Денот на вљубените ја организира молот. „Љубовната пошта“ во трговскиот работи континуирано и посветено, со цел да ги достави сите романтични пораки на посетителите до адресата на нивните сакани.
Сите вљубеници во пишаниот збор, но и сите оние што сакаат да го вратат духот на традицијата на испраќање љубовни писма, тоа можат да го направат уште денеска, со приложена фискална сметка во вредност од над 500 денари од која било продавница во Скопје сити мол. Учесниците во оваа кампања ќе имаат можност да изберат една од 10те дизајнирани љубовни картички изложени во Љубовната пошта, да напишат романтична порака до партнерот и да ја вметнат во адресиран плик, а поштарите истата ќе ја достават во текот на наредниот ден, директно до примателот. Како дел од оваа кампања, во Скопје сити мол изложени се 6 од најпознатите љубовни писма напишани низ историјата, она на Наполеон Бонапарта испратено до љубената Жозефина де Боарне и други.
Во овој динамичен и брз начин на живот во кој доминира дигиталната технологија, вистинска реткост е рачно напишано писмо, што како практика, навистина е единствена и од непроценлива вредност. Затоа овој Ден на вљубените изнесете ги вашите најубави, најискрени и најчисти емоции на парче хартија и освојте ја вашата љубов одново.