„Виталиа" - 25 години производство и едукација за здрави прехранбени навики

Македонската производна компанија за здрава храна „Виталиа" слави јубилеј 25 година постоење на македонскиот пазар. 25 години на општествено одговорно однесување и континуирана едукација на населението за потребата од здраво исхранување. Компанија која од самото основање е целосно фокусирана на развивање, подигнување и унапредување на свеста на потрошувачите и промена на потрошувачките навики, како една од основите за здрав, квалитетен и долг живот.

vitalia-25-godini-proizvodstvo-i-edukacija-za-zdravi-prehranbeni-naviki-0001.jpg

Јубилејот 25 години, компанијата ќе го одбележи со низа активности во текот на целата година, кои ќе бидат во духот на едукацијата за здрава храна и поддржување на позитивните вредности во општеството, нешто што Виталиа го прави 25 години наназад.

Виталиа во сите сегменти на делување покажува високо ниво на општествена одговорност. Во процесот на производство употребува обновлив извор на енергија - природен гас, има имплементирано сертификат за следливост на Палмовото масло, од суровина до финален производ, ефикасно управува со амбалажниот отпад, а производите се со еколошко пакување. Се произведуваат високо нутритивни производи, за различни целни групи, спортисти, дијабетичари, за лица интолерантни на глутен, за деца, за халал пазари. Ги има имплементирано најстрогите интернационални стандарди за безбедна храна како IFS, НАССР, ISO, BRC, Vegetarian.

„Виталиа" поттикнува дијалог и едукација на децата во училиштата, донира во институциите кои имаат потреба од помош, поддржува спортисти, уметници. Го поддржа проектот #МрдниСоПрст, нахрани 1000, овозможувајќи на наши сограѓани да ги почувствуваат бенефитите од здравата храна, го иницираше  едукативниот проект 5 –ка за здрава храна со кој нутриционисти ги посетуваат училиштата и градинките низ земјава.

vitalia-25-godini-proizvodstvo-i-edukacija-za-zdravi-prehranbeni-naviki-2.jpg

Потребата од едукација и подигнување на свеста за здрава храна е нешто со кое се соочуваме од самиот почеток до денес. Изминативе 25 години инвестиравме во систематска едукација за потребата од здраво исхранување. Сметаме дека денес македонскиот потрошувач размислува во позитивна насока за своето здравје и внимава на начинот на исхрана, ставајќи ја „Виталиа" во својата кошница како прв избор. Ние, нашата репутација трпеливо и долгорочно ја градевме, со повисока цел да создадеме и оставиме нешто вредно за идните генерации. Едукацијата на тема храна и здравје е неисцрпна, никогаш не престанува, а најважно е да почне од најрана возраст. Нашите производи се за сите генерации, за различни категории на луѓе, за луѓе кои сакаат да одржуваат здрав живот, за луѓе со одредени здравствени потешкотии, па токму поради тоа едукацијата е важна и треба постојано да ја има. „Виталиа" е отворена транспарентна компанија, (Нашите продавници функционираат и како едукативни центри каде нутриционистичкиот тим на Виталиа бесплатно ги советува нашите клиенти), вели Искра Ветаџокоска Муцунска - менаџер и косопственик на „Виталиа"

„Виталиа" ги следи истражувањата и трендовите во прехранбената индустрија како и најновите технолошки новитети и согласно нив креира здрави иновативни производи создадени според потребите на потрошувачите.

vitalia-25-godini-proizvodstvo-i-edukacija-za-zdravi-prehranbeni-naviki-3.jpg

Како резултат на квалитетните и оригинални производи, добрата дистрибуција и спремноста да се задоволат специфичните барања на купувачите, денес брендот „Виталиа" е присутен во најпознатите светски трговски синџири  како: Auchan, Tesco, Kaufland, Metro, Billa,Veropulos, Carrefour, Spar, Merkator, Konzum, Delhaize, Wholefoods, DM, а од пред две години Виталиа брендот е присутен и насветската online продавница amazon.com како и на рафтовите на Wholefoods USA и Канада.

„Виталиа" се извезува во повеќе од 55 земји, на 5 континенти и тоа Европската Унија, Америка, Австралија, Јапонија, Блискиот исток, Русија, Индија, Либан, ОАЕ, Казахстан, Бразил, Сејшели...

vitalia-25-godini-proizvodstvo-i-edukacija-za-zdravi-prehranbeni-naviki-4.png

Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
10 локали во Скопје со здрава (и вкусна) храна Авокадо, Залче, Healthy Dose... низ Скопје има бројни локали кои нудат здрава, н...
Мали хероини: Уште 2 предвремено родени бебиња се изборија за животите (едното родено со тежина од 5... Малата Амела била родена со тежина од само 550 грама во 6-иот месец од бременост...
Вирален статус на скопскиот менаџер Цајо: „Пред 50 години бракот беше лесен, а разводот тежок - дене... „Пред 50 години само една личност работела за да го издржува целото семејство. С...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg