Кампања „Испрати љубов“ по повод Денот на вљубените
- Детали
- сабота, 10 февруари 2018
Вратете ја убавината на традицијата и пратете љубовно писмо од Скопје сити мол
(Скопје, 08.02.2018) - Речиси во сите земји низ светот, на 14 февруари се одбележува Денот на вљубените. По тој повод, Скопје сити мол во периодот од 8 до 14 февруари преку кампањата „Испрати љубов“ ќе се обиде да ги потсети сите посетители на една добра и стара, но подзаборавена навика - изјавување љубов преку романтични писма или љубовни картички и да донесе возбудлива љубовна еуфорија во градот. Со приложена фискална сметка во вредност од над 500 денари, купувачите во трговскиот ќе имаат можност да учествуваат во забавната игра „Љубовна пошта“ и да испратат љубовна картичка или љубовно писмо до своите сакани на адреси во Скопје.
„Како големи поборници на задржување на практиката за правење убави нешта, во ера на дигиталниот свет и во време кога се живее динамично и со брзо темпо, одлучивме да креираме кампања што ќе ги освои сите генерации подеднакво. Постарите ќе ги потсети на еден од најубавите периоди во нивните животи, кога сета љубов и копнеж по саканите ја пренесувале на парче хартија, а на помладите, пак, ќе им ја доближи традиција што ќе го подигне нивниот романтичен дух. Учесниците во оваа кампања ќе имаат можност да изберат една од 10те дизајнирани љубовни картички изложени во Љубовната пошта во нашиот трговски, на кој што ќе напишат романтична порака до партнерот, вметната во адресиран плик, а поштарите истата ќе ја достават во текот на наредниот ден, директно до примателот“, вели Дарко Панчевски, од маркетинг секторот на Скопје сити мол.
Во ерата на СМС пораки, е-пошта и онлајн преписки, вистинска реткост е рачно напишано писмо во кое се изнесуваат најчисти емоции. Вратете ја убавината на традицијата, доживејте ја љубовната еуфорија преку „Љубовната пошта“ на Скопје сити мол и овозможете ѝ го на вашата љубов она преубаво чувство на отворање парче хартија и допир на површината на којашто сте се обиделе да ги споделите вашите најискрени мисли.
Како дел од оваа кампања, во Скопје сити мол изложени се 6 од најпознатите љубовни писма напишани низ историјата, она на Наполеон Бонапарта испратено до љубената Жозефина де Боарне, писмото на Фрида Кало до саканиот Диего Ривера, писмото на Лудвиг ван Бетовен до неговата најголема но за јавноста непозната љубов, романтичните пораки од Елизабет Тејлор до нејзиниот сакан Ричард Бартон, како и писмото полно копнеж на Роналд Реган до сопругата Ненси.