25 години со вас - Медикус Хелп
- Детали
- четврток, 01 февруари 2018
Медикус Хелп ја одбележува 25 годишнината од своето постоење. По повод јубилејот, се ребрендиравме со цел да се доближиме до потрошувачите. Го проширивме асортиманот на производи и ги создадовме новите подбрендови Medicus ortho, Medicus care, Medicus active и Medicus Woman за да им помогнеме на своите клиенти да го одберат вистинското решение за нивните потреби.
Во одбележувањето на 25- тиот роденден ја отвoривме ребрендираната продавница во Капиштец. Сите потрошувачи, на едно место, ќе може да најдат ортопедски производи, производи за олеснување на движењето и за нега во домашни услови, спортска и фитнес опрема како и производи за жени по операција на дојка.
За Медикус Хелп
Пред 25 години Компанијата Медикус Хелп започна со работа како мала ортопедска фирма со една продавница, а денес прераснавме во сериозна компанија со малопродажна мрежа од 9 специјализирани продавници низ земјава. Со јасна визија и комплетна посветеност станавме компанија која ужива голема доверба кај своите потрошувачи. Особено сме горди на потврдите од над илјадници потрошувачи дека сме успеале во нашата цел, а тоа да им овозможиме да ја вратат својата мобилност и да им го олесниме движењето.
Успехот на Медикус Хелп се должи на загарантираниот квалитетот на производите како и на континуираната едукација на вработените, кои во секое време се подготвени да го понудат вистинското решение за секој проблем.
Сега пред нас е уште еден голем предизвик - да го одржиме тоа што го постигнавме и да бидеме уште подобри. За нас, довербата на нашите потрошувачи / клиенти е голема обврска, но и инспирација да продолжиме да вложуваме и да го нудиме најдоброто за нив.
И во иднина ќе продолжиме со истата мисија, да го подобриме секојдневието на лицата кои имаат здравствени проблеми како и оние кои активно се грижат за своето здравје. Преку висококвалитетните производи од светски реномирани компании и континуирана едукација на персоналот, ќе се трудиме да обезбедиме подобро здравје за секој наш клиент.