За сите што го пропуштија: Божиќниот специјал на „Еден на Еден“ со детски евергрини (ВИДЕО)
- Детали
- среда, 10 јануари 2018
Во неделата имавте можност да го гледате Божиќниот специјал на „Еден на Еден“, во кое гостуваа девојките кои пред повеќе од 15-20 години ги испеаа најголемите детски евергрини.
За првпат јавен настап после дваесетина години имаше Сања Ристиќ со нејзината многу добро позната „Ех, тој Тоше“, потоа и Ирена Маџаровска која ја испеа „Визба стара и гитара“, Наталија Караманова ни ја испеа нејзината „Заљубена“, Евгенија Дамјановска ја испеа „Чадорче“ и Евгенија Капсималева ја испеа одличната „Дувна ветре развигорче“.
Покрај тоа, девојките се присетија и на времињата кога ги пееле овие детски евергрини, како дошле до нив, но ни раскажаа и за нивните денешни професии, какво хоби имаат и слично...
За сите што ја пропуштија емисијата, истата е веќе објавена на Јутјуб.
Погледнете: