2 милиона патници патувале преку македонските аеродроми во 2017

Два милиона патници (2.027.344) патувале преку скопскиот и охридскиот аеродром во 2017 година, што претставува пораст од 13% споредено со 2016 година, соопштуваат од ТАВ Македонија, сумирајќи ги податоците за авиосообраќајот за изминатата година.

2-miliona-patnici-patuvale-preku-makedonskite-aerodromi-vo-2017-01.jpg

- Завршивме уште една успешна година за ТАВ Македонија, достигнувајќи 2 милиона патници на двата аеродрома „Александар Велики“ – Скопје и „Св. Апостол Павле“ – Охрид, со пораст од 13% споредено со 2016 година. Ова е резултат на новите линии што беа додадени на нашата мрежа на скопскиот и на охридскиот аеродром. Пет нови дестинации – Будимпешта, Малта, Рим, Ваксјо и Доха почнаа да сообраќаат од/до аеродромот во Скопје, додека на аеродромот во Охрид воведовме нови сезонски летови од Катовице, пречекувајќи полски туристи за прв пат. Во 2018 година и понатаму ќе бидеме фокусирани на проширување на мрежата со авиолинии, но исто така и на нашата цел да обезбедиме услуги со висок квалитет на нашите патници и клиенти - изјави Алпер Ерсој, генерален директор на ТАВ Македонија.

2-miliona-patnici-patuvale-preku-makedonskite-aerodromi-vo-2017-04.JPG

Паралелно со порастот во сообраќајот на патници, вкупниот број на летови на двата аеродрома во Скопје и во Охрид е зголемен за 7%, достигнувајќи 18.130 летови во 2017 година.

Според податоците за сообраќајот на патници, најфреквентни дестинации од скопскиот аеродром во 2017 година беа Истанбул (аеродромите Ататурк и Сабиха Гокчен) со 12,3% пазарен удел, Цирих (8,6%), Виена (6,5%), Базел (5,3%), Малме (4,6%) и Лондон (3,7%).

Во однос на уделот на авиокомпаниите во сообраќајот на патници, Виз ер има превезено најголем број патници со 59% пазарен удел.

2-miliona-patnici-patuvale-preku-makedonskite-aerodromi-vo-2017-02.jpg

Седми август беше најфреквентниот ден на аеродромот во Скопје во 2017 година, кога вкупно 8.283 патници беа превезени со 98 летови, како резултат на УЕФА Супер купот.

Скопскиот аеродром во 2017 година го забележа најпрометниот август досега, опслужувајќи 216.409 патници со 23,7% пораст на годишно ниво.

2-miliona-patnici-patuvale-preku-makedonskite-aerodromi-vo-2017-03.jpg

Покрај значителниот пораст на бројот на патници, 2017 година исто така беше успешна за ТАВ Македонија и поради тоа што SkyTrax го рангираше скопскиот аеродром меѓу десетте најдобри аеродроми во Источна Европа, што е трет пат по ред, по 2015 и 2016 година.

Во моментов, мрежата на линии на аеродромот „Александар Велики“ – Скопје има вкупно 36 дестинации, а 11 редовни авиокомпании ги опслужуваат овие линии. На аеродромот „Св. Апостол Павле“ – Охрид има 3 редовни дестинации во текот на целата година и 4 дополнителни сезонски чартер-дестинации во текот на летото. Три нови сезонски авиолинии од Охрид до Варшава, Талин и Ајндховен се најавени да бидат воведени во 2018 година.

2-miliona-patnici-patuvale-preku-makedonskite-aerodromi-vo-2017-05.JPG

За ТАВ Аеродроми

ТАВ Аеродроми е еден од водечките аеродромски оператори во светот во чија мрежа се аеродромите „Ататурк“ во Истанбул, „Есенбога“ во Анкара, „Аднан Мендерес“ во Измир, „Милас-Бодрум“ и „Газипаша“ во Анталија, сите во Турција. Потоа, аеродромите Тбилиси и Батуми во Грузија, Монастир и Енфида-Хамамет во Тунис, Скопје и Охрид во Македонија, Медина во Саудиска Арабија, како и Загреб, во Хрватска, сите се оперирани од „ТАВ Aеродроми“. Холдингот, исто така, обезбедува услуги преку своите филијали и во други области на аеродромските операции, што вклучува Бесцарински продавници, Храна и пијалоци, Прифат и отпрема на воздухоплови и патници, ИТ, Обезбедување и други Оперативни услуги. Во овој контекст, „ТАВ Аеродроми“ раководи со бесцаринските продавници, храната, пијалоците и останатите комерцијални сегменти на аеродромот во Рига во Латвија. Вклучувајќи ги и своите филијали, „ТАВ аеродроми“ во 2016 година обезбеди услуги за 808.000 летови и повеќе од 104 милиони патници.

Би можело да ве интересира:

Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Тони Зен со семејството во Италија, Катарина ужива со ќерката на Охридско Езеро: Што прават македонс... Поп-дивата Калиопи одржа концерт за паметење во Охрид, а во празничниот илинденс...
Од Скопје повторно ќе се лета до Барселона и Дубаи – нови авиолинии од Скопскиот и Охридскиот аеродр... На големо очекување на сите, повторно се враќаат авионските линии кои го поврзув...
Македонија покажа хуманост на дело: Срценцето на бебето Аника е успешно поправено Мајката на Аника откри дека малото ангелче добро закрепнува по успешно изведенат...
Објава на Македонка ги подели мислењата: „Охриѓани мавате со дрва и камења по скопјани, а со скапоти... Темата за односот на охриѓани и скопјани е несицрпна инспирација за коментари го...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg