Макпрогрес и Црвен Крст заокружија успешна партнерска година во реализација на низа хуманитарни активности

По шест месечните активности, заврши успешно реализацијата на проектите каде Макпрогрес и Црвен Крст вклучија околу 50 деца со посебни потреби од повеќе градови во земјата. Целта на овој проект беше да им се овозможи на овие деца инклузија во заедницата и нивна социјализација, вклучително и и нивен развој и благосостојба. Во периодот од јуни до декември 2017 година, во Струмица, Куманово, Виница и Штип, дечињата беа вклучени во спортски активности, креативни работилници, хуманитарни продажни изложби, психолошка поддршка и едукации за децата и родителите на децата, многу патувања, другарувања и летен одмор.

makprogres-i-crven-krst-zaokruzija-uspesna-partnerska-godina-vo-realizacija-na-niza-humanitarni-aktivnosti-01.jpg

Општествено одговорното работење на Макпрогрес кое се практикува како неделив дел од бизнис постоењето на компанијата, со овој и со многу други проекти, допринесува за развој и благосостојба на луѓето во заедницата. Макпрогрес не останува само давател на донација туку и траен партнер на Црвениот Крст во подобрување на социјализација на деца и млади со посебни потреби. Воедно, им благодариме на сите што се вклучија во активностите на проектот и несебично издвоија од своето време и труд, за успешна реализација“ – изјави Марина Андреева, маркетинг координатор во Макпрогрес.

Финансиската поддршка што доаѓа од бизнис секторот е добредојдена и без нивна помош тешко дека можеме да реализираме вакви проекти“ - истакна Дејан Здравков, раководител на Дневен центар, Штип.

makprogres-i-crven-krst-zaokruzija-uspesna-partnerska-godina-vo-realizacija-na-niza-humanitarni-aktivnosti-02.jpg

Сите реализирани активности, беа финансиски и организациски поддржани од компанијата Макпрогрес со што оваа компанија и понатаму продолжува да биде пример за општествено одговорно работење. Во имплементација беа вклучени и вработените на компанијата, како и социјално одговорни граѓани, вработените во дневните центри и родителите на децата.

Би можело да ве интересира:

Тања од Скопје нацртала 35 камчиња и ги оставила на грчка плажа: „Реакциите на луѓето кои ги наоѓаа ... „Идејата ми дојде откако претходно на Водно син ми најде нацртано камче од девој...
Евгенија Колев: „Првите денови во Дубаи беа хаотични, баравме стан на 40°C со две деца во количка“ „Барање станови на +40 со Матиас и Давид во количка, средување документација, из...
Тамара Тодевска на 39 изгледа подобро од кога било – прослави роденден со Лука и децата „Среќна сум за секоја ваша честитка, порака и желба – за уште многу години“ – на...
Марко Новески доби близнаци на 44 години, а Камењар има две поголеми деца - двајцата ја обожаваат ул... „Поминувам време колку што можам повеќе со близнаците. Дома ги делиме обврски и ...
Емотивен Фејсбук статус: „Најубавата честитка од детенце со аутистичен спектар на нарушување“ Авторката на книгата „Гласот од тишината” Амела Мемиш Апостоловска вчера на нејз...
Ивана Кнез со моќен статус за 8 Март: „Не успеав - имам кариера, но немам партнер и деца“ „Не успеав, се вклопив во шема на кариеристки. Ама ќе успеам да излезам од неа и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg