„Божиновски часовници и накит“ отвори нов продажен простор во склоп на пансионот „Преспав“

Часовниците и накитот од „Божиновски“ дел од костимографијата на серијата.

bozinovski-casovnici-i-nakit-otvori-nov-prodazen-prostor-vo-sklop-na-pansionot-prespav-01.jpg

„Божиновски часовници и накит“ ја отворија својата мини продавница во склоп на пансионот „Преспав“. Како што велат од компанијата на ваквиот чекор се одлучиле поради високите критериуми кои брендот „Преспав“ се обидува да ги постави во македонскиот етер, битка која на идентичен начин брендот „Божиновски“ ја води во позиционирањето на македонскиот пазар.

„Токму поради тоа отворањето на продажниот простор во пансионот „Преспав“ се наметна како сосема природен чекор засилувајќи го заедничкиот стремеж за негување на високата естетика како главен патоказ во градењето на двата бренда“, изјавија од „Божиновски часовници и накит“. 

bozinovski-casovnici-i-nakit-otvori-nov-prodazen-prostor-vo-sklop-na-pansionot-prespav-02.jpg

Покрај новиот продажен дел вметнат во сценографијата исто и ликовите од серијата во нејзината втора сезона ќе носат часовници и накит од брендовите на „Божиновски часовници и накит“. 

„Со костимографскиот тим на серијата „Преспав“ направивме внимателен избор на часовници за сите главни ликови во серијата. Се потрудивме секој часовник идеално да се вклопува во ликот и уште посилно да ја изразува неговата карактерност. Следењето на карактеристиките и развојот на ликовите од „Преспав“ сега е и одличен повод, преку нив да се дознае и нешто повеќе за моделите на часовниците и накит кои ќе ги носат. Очекуваме уште побројни секунди на непредвидливи комични ситуации и заплети кои во препознатлив стил ќе ги предизвикуваат насмевките на нашите лица“, велат од „Божиновски часовници и накит“

bozinovski-casovnici-i-nakit-otvori-nov-prodazen-prostor-vo-sklop-na-pansionot-prespav-03.jpg

Тие уште додадоа дека како компанија која што застапува премиум брендови на часовници и накит, секогаш ќе го препознаваат и поддржуваат градењето на високо квалитетните премиум брендови во Македонија како што е серијата „Преспав“ како и на се она што во нашето општество се труди да направи некаков исчекор произведувајќи убави моменти.

bozinovski-casovnici-i-nakit-otvori-nov-prodazen-prostor-vo-sklop-na-pansionot-prespav-04.jpg

Би можело да ве интересира:

Македонскиот фризер Зоки Давитков: „Преку глава ми е да работам со луѓе кои не знаат како да се одне... „Сакам да ви напишам неколку битни работи и еднаш засекогаш да бидат запаметени ...
Македонскиот актер Жарко Димоски гради кариера во Белград: „Дел сум од театарот Одеон“ „Македонските актери се многу ценети во Србија, уште од времето на Југославија, ...
Македонскиот ајвар е избран за најдобро мезе во светот за 2023-та „Овој традиционален рецепт од пиперки и модар патлиџан е еден од најпопуларните ...
Миа Костова го прослави 40-тиот роденден со забава во бохо стил, бел дрес код и торта на три ката За роденденската забава Миа избра бел фустан со реси, гол грб и кафеави каубојск...
Ја помниме по улогата на „Билкарката“ во „Бушава азбука“ – Како изгледа денес Мими Таневска? Минатата година се пензионира, а играше и во филмот „Те дуа, жими мене“. Како из...
Верувања за празникот света Петка: се носат 5 лепчиња во црква, доаѓа во сон за да донесе утеха Доаѓа на сон за да ве утеши или за да ве предупреди. Денот треба да го поминете ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg