Принцот Алберт од Монако ќе јаде мусли Виталиа

Покрај многубројните држави во кои извезува македонската производна компанија Виталиа од декември 2017 година започна со извоз и во кнежевството Монако. Производите на Виталиа можат да се најдат во маркетите и луксузните хотели во ова престижно место за живеење.

princot-albert-od-monako-ke-jade-musli-vitalia-02.jpg

Иако станува збор за една од најмалите и најмалобрoјните држави во Европа, Монако е значајна дестинација за нас токму поради структурата на луѓето кои таму живеат. Тоа се луѓе дојдени од цел свет поради удобностите кои ги овозможува кнежевството, со дефиниран животен стил, и кои се грижат за својот изглед и здравје.  Станува збор за мал но селектиран пазар, каде тешко се влегува, и каде постојат високи стандарди за квалитет и безбедност на производите кои се нудат. Се надеваме дека од тука производите на Виталиa ќе стигнат и на многу други далечни пазари“ – изјавија од компанијата.

Виталиа е македонска производна компанија за здрава храна која континуирано ги следи истражувањата и трендовите во прехранбената индустрија, и која е присутна на сите поголеми интернационални саеми за храна. Ги има имплементирано најстрогите интернационални стандарди за безбедна храна како IFS, НАССР, ISO, BRC, Vegetarian. Виталиа произведува широко портфолио на производи за сите генерации, за различни категории на луѓе, за оние кои сакаат да одржуваат здрав живот, како и за оние со одредени потешкотии.

Како резултат на квалитетните и оригинални производи, добрата дистрибуција и спремноста да се задоволат специфичните барања на купувачите, денес брендот Виталиа е присутен во најпознатите светски трговски синџири  како: Auchan, Tesco, Kaufland, Metro, Billa,Veropulos, Carrefour, Spar, Merkator, Konzum, Delhaize, Wholefoods, DM, а од пред две години Виталиа брендот е присутен и насветската online продавница amazon.com како и на рафтовите на Wholefoods USA и Канада.

princot-albert-od-monako-ke-jade-musli-vitalia-01.jpg

Виталиа се извезува во повеќе од 55 земји, на 5 континенти и тоа Европската Унија, Америка, Австралија, Јапонија, Блискиот исток, Русија, Индија, Либан, ОАЕ, Казахстан, Бразил, Сејшели...

Веќе следната година, 2018, компанијата слави јубилеј - 25 години на македонскиот пазар.

Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
10 локали во Скопје со здрава (и вкусна) храна Авокадо, Залче, Healthy Dose... низ Скопје има бројни локали кои нудат здрава, н...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...
Александар Белов ужива во Скопје со ќеркичката и сопругата, откако пред 6 години се пресели во Србиј... Македонскиот пејач, кој се прослави со шоуто „Операција триумф“, долги години жи...
Андријана Јаневска стана доктор на науки: 9 години собирала 150 народни песни, сопругот ѝ е најголем... „Во Ректоратот на УКИМ бев промовирана во доктор на науки. На докторскиот труд р...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg