SWIFT тимот во Вип пред финалето во NASA,САД

Скопје, 30 ноември 2017г.-Телекомуникациската компанија Вип како партнер на светскиот натпревар NASA SPACE APPS CHALLENGE им посака успех на членовите на победничкиот тим кои на 2ри декември патуваат во Соединетите Американски држави каде пред претставниците од NASA ќе го презентираат нивниот пронајдок. Дополнително, како награда за победата, ќе проследат лансирање на вселенска ракета во Кенеди Вселенскиот Центар на НАСА во Кејп Канаверал, Флорида. Во просториите на Вип победничкиот тим млади иноватори имаше средба со експерти од компанијата од областа на информатичките технологии и мрежно поврзување каде ги дискутираа можностите за унапредување на прототипот.

swift-timot-vo-vip-pred-finaleto-vo-nasa-sad-001.jpg

 “Како компанија која е секогаш во тек со најголемите технолошки случувања во светот, ообена чест ни претставува што ги поддржуваме овие млади и талентирани луѓе во остварување на нивните идеи. Поддржувањето на настани што се од големо значење за заедницата, а кои вклучуваат можност за напредок на таленти е една од нашите заложби, затоа што сме дел од ова општество и наша обврска и посветеност се да помогнеме младите луѓе да ги остварат своите идеи преку нашите системи за поврзување и напредни технолошки платформи. Им посакуваме добар пат и многу успех при презентирање на нивниот прототип во NASA”, изјави Мислав Галер, Извршен директор на Вип.

Младиот тим SWIFT, составен од петте момчиња сега веќе студенти во прва година на факултет, победија со иновацијата – сензор за соларна енергија кој мери сончеви денови и потенцијал за соларна енергија во текот на целата година со цел анализа за проекција на заштеда со користење на панели на сончева енергија, притоа користејќи телекомуникациска технологија.

NASA SPACE APPS CHALLENGE се одржуваше од 28ми до 30 април во Скопје. За наградата од Македонија се натпреваруваа 170 млади програмери, инженери, дизајнери, истражувачи, иноватори и претприемачи.

Би можело да ве интересира:

Скопје е совршена пролетна дестинација според „The Times“: Фасцинантен град со богата гастрономска к... Реномираниот магазин „The Times“ го опиша нашиот главен град како фасцинантно ме...
Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Филип од Скопје ја запроси Ена на ски-патека во Австрија: „Доктор помисли дека сме повредени, веднаш... „Живееме на иста улица во Капиштец, еден спроти друг. Си гледаме од прозор во пр...
Сара Мејс горда на сопругот: „Среде невреме помогна на непознат човек – на него имаше 20l вода и го ... Колкумина од вас во најголемото невреме би застанале да му помогнат на непознат ...
Каролина зрачеше со сексапил на концертот во Скопје: „На 1-ви март добивам повеќе честитки отколку н... Каролина повторно покажа зошто е нашата поп-кралица: два часа пееше и играше, а ...
Објава на Македонка ги подели мислењата: „Охриѓани мавате со дрва и камења по скопјани, а со скапоти... Темата за односот на охриѓани и скопјани е несицрпна инспирација за коментари го...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg