Кампањата на Горење ги обединува сите спортски навивачи на ракомет

Како екслузивен партнер од областа на апарати за домаќинство, Горење е официјален спонзор на Европското првенство во ракомет кое ќе одржи во Хрватска.

kampanjata-na-gorenje-gi-obedinuva-site-sportski-navivaci-na-rakomet-1.jpg

Амбасадор на оваа кампања е еден од најдобрите ракометари на сите времиња - Ивано Балич.

Горење стана дел од големото ракометно семејство. Како ексклузивен партнер од областа на апаратите за домаќинство, тој е официјален спонзор на Европското првенство во ракомет, кое ќе се одржи следната година во Хрватска. За да ги доближи љубителите на овој спорт, со кампањата #simplyfans Горење промовира посветеност и фер плеј. Настојувајќи да ги намали границите и да ги поврзе навивачите од регионот, Горење ја објави #simplyfans наградната игра и го претстави Ивано Балиќ за свој амбасадор.

Ракометните навивачи се подготвуваат за почетокот на Европското првенство во ракомет. Во периодот од 12 до 28 јануари, Хрватска ќе биде домаќин на EHF EURO 2018 со натпревари во Сплит, Пореч, Вараждин и Загреб. Додека ракометот собира широка публика која навива за своите херои, Горење подготви нешто посебно за сите нив. Нивната кампања #simplyfans ги повикува и ги мотивира навивачите да навиваат не само за нивните тимови, туку и да навиваат за фер-плеј, за напорот што го вложуваат сите играчи и едноставно за самиот спорт. Амбасадор на оваа кампања е единствениот Ивано Балич, играчот кој е двапати е именуван како најкорисен играч (MVP) на Европското првенство во ракомет и e победник на две Светски првенства.

#simplyfans

Кампањата на Горење за Европското првенство го следи мотото LifeSimplified, по кое нивните апарати за домаќинство се познати во Словенија и пошироко. Овој пат тие ќе ги обединат сите љубители на овој спорт во Европа со кампањата #simplyfans. Бидејќи брендот Горење ужива голема почит и претставува традиција за квалитет во регионот, кој е исто така еден од стратешките целни пазари, посебно внимание и важност ќе им биде даден на ентузијастите од ракометот од овие области. До 22 декември, навивачите на Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Црна Гора, Словенија и Србија можат да учествуваат во наградната игра #simplyfans за да добијат бесплатни карти за прелиминарните натпревари на кои ќе игра репрезентацијата на Македонија, а главна награда ќе бидат бесплатни карти за финалето во Загребската Арена. Со специјални навивачки автобуси, сите победници од наградната игра ќе бидат одведени на натпреварите, овозможувајќи им целосно да ја почувствуваат ракометната треска.

Ракометна легенда Ивано Балиќ

Горење го објави првиот од тројцата амбасадори на #simplyfans, поранешниот хрватски ракометар, кој беше два пати именуван за најдобар играч на годината од страна на Меѓународната ракометна федерација - Ивано Балич. Неговата импресивна листа на медали и трофеи, исто така, е украсена со олимписко злато од Олимписките игри во 2004 година во Атина и бронза од Олимписките игри во 2012 година. Балич, еден од најдобрите ракометари на сите времиња, го поддржува духот на кампањата на Горење: „Момците кои ќе се потат на теренот во овие 14 дена од првенството го посветија својот живот на ракометот. Сите тие се обидуваат да го дадат најдобро од себе и да ги израдуваат своите обожаватели со добри резултати. На тој начин, јас сум горд #simplyfan и ве повикувам сите да навивате со мене за фер плеј и добара игра.

kampanjata-na-gorenje-gi-obedinuva-site-sportski-navivaci-na-rakomet-2.jpg

Би можело да ве интересира:

Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...
Каролина зрачеше со сексапил на концертот во Скопје: „На 1-ви март добивам повеќе честитки отколку н... Каролина повторно покажа зошто е нашата поп-кралица: два часа пееше и играше, а ...
Уникатни имиња на децата на познатите Македонци: Гаиа, Кира, Киан Катарина Ивановска ја има ќерката Кира, Слаткар го крсти синот Моша, а Тони Зен ...
„Браво, царица“ – Тања Кочовска со салто влегува во вода во Хрватска „Секоја чест Тања, тоа е детето во тебе“ – коментираат следбениците на актерката...
Браво! Детски хор од Хрватска ја пее „Мојата Македонија“ среде Загреб „'Мојата Македонија’ се пее со полн глас и во Хрватска. Голема благодарност до о...
Како арапска принцеза во пустина - Сузана Гавазова по Тајланд, ужива во Дубаи Сузана Гавазова објави видеа во кои танцува боса на пустинските дини облечена во...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg