Scout Outdoor Shop 2 - нова продавница, со нови брендови за сите outdoor ентузијасти!

23.11.2017 г., Скопје. Авантуристичкиот бренд „Scout“, кој веќе 5 години е инспирација за сите трагачи по авантури и вљубеници во активностите во природа, со неформален настан ја претстави својата нова, втора продавница на „Scout Outdoor“, на ул. „Кирил и Методиј“ бр. 20, спроти поранешен „Цветен пазар“.

scout-outdoor-shop-2-nova-prodavnica-so-novi-prendovi-za-site-outdoor-entuzijasti-01.jpg

Новата продавница поставува нови, повисоки стандарди, со софистициран ентериер во стил на најпознатите европски продавници од овој вид, успешнопренесувајќи ја приказната на брендот. На настанот присуствуваа пријатели исоработници, како и ентузијасти кои ги делат страста за истражување, авантуристичкиот дух и љубовта кон природата.

На површина од 350 м2, во амбиент што во целост одговора на духот на брендот, „Scout“ ги презентираше новите брендови за љубителите на outdoor индустријата. Покрај добропознатите реномирани брендови, може да се најде голем избор на опрема за планинарење, опрема за спортови на вода односно кајаци, популарните SUP-ови за вода, како и секојдневна облека.

scout-outdoor-shop-2-nova-prodavnica-so-novi-prendovi-za-site-outdoor-entuzijasti-02.jpg

Високопрофесионалниот кадар е секогаш подготвен да одговори на сите прашања и да помогне при изборот на најсоодветната опрема, додека при изборот на соодветни обувки за секој терен, тука е импровизираната тест-патека, прва од ваков тип кај нас.

Посетете ја новата продавница на „Scout“ и инспирирајте се со нови авантури!

scout-outdoor-shop-2-nova-prodavnica-so-novi-prendovi-za-site-outdoor-entuzijasti-03.jpg

Би можело да ве интересира:

„Пази на пудрата“ – Јелена Спенџарска во забавно видео покажа како изгледа шопингот на жените Дали и вашиот шопинг изгледа вака? По колку време „заглавувате“ во гардероба, до...
Христина Пан за 35-тиот роденден се забавува со ќеркичките, откако едната извојува нова битка во лек... Нашата инфлуенсерка Христина Пан објави емотивно видео со двете ќерки близначки ...
„Поканив 75 луѓе на забава дома, дојдоа 150“: Кој им бил најубавиот дочек на Нова година на познатит... Иџе со семејството, Васил Гарванлиев организирал луда забава без знаење на цимер...
Јелена Јованова се породи со второ дете – бременоста повторно ја чуваше во тајност Братот на Јелена Јованова потврди дека актерката го добила своето второ дете, а ...
Денес се слави Свети Василиј Велики – Ден за имендени и карневали Честит именден Василиј, Васил, Васе, Василија... Денес е првиот ден од Новата го...
„Како фараони сте“ - 2Бона снимаат нови спотови во Египет „Богови сте“, „Моите омилени момчиња“, „Фараоните на Египет“ - велат фановите на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg