„Борка“ прослави 10 години постоење и активизам во борба против ракот

На 26.11.2017 година во ресторан Александар Парк во Виница, беше организирана јубилејна прослава по повод 10 години од постоењето на Борка – македонско здружение за борба против ракот.

borka-proslavi-10-godini-postoenje-i-aktivizam-vo-borba-protiv-rakot-01.JPG

Над 150 жени од разни градови од Македонија присуствуваа на прославата организирана и финансирана од Макпрогрес Виница.  На настанот беше организирана и хуманитарна лотарија со награди од локални спонзори. Собраните средства се наменети за нега на пациенти кои боледуваат од рак на дојка.

Неодамна, беше одддржана Десеттата Национална Конференција посветена на ракот на дојка, во организација на Здружението за борба против рак “Борка- за секој нов ден”, на која се апелираше и беа истакнати загрижувачки факти и податоци за ова заболување во Македонија.

Највисоко на ризичната листа по смртност од рак на дојка, на прво место во Европа, се наоѓа Македонија. Нажалост, во земјава умираат најголем број од пациентите кои заболеле од оваа болест. Оваа информација е застрашувачка ако се земе предвид дека во повеќето европски земји, оваа болест успешно се лекува.

borka-proslavi-10-godini-postoenje-i-aktivizam-vo-borba-protiv-rakot-02.JPG

Со цел подигнување на свеста во општеството за ракот на дојка како потенцијално излечива болест, здружението “Борка” активно ги едуцира граѓаните, преку испраќање на јасна порака до сите дека ракот не смее да се третира како неизлечива болест и да се охрабрат да прават редовни прегледи за негово навремено дијагностицирање.

Макпрогрес Виница го поддржува здружението “Борка“ во решителноста и напорите да ги интензивира реформите за подобрување на условите во земјава, за справување со оваа болест.

borka-proslavi-10-godini-postoenje-i-aktivizam-vo-borba-protiv-rakot-03.JPG

Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Македонија покажа хуманост на дело: Срценцето на бебето Аника е успешно поправено Мајката на Аника откри дека малото ангелче добро закрепнува по успешно изведенат...
Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg