Четврта година по ред Еуролинк осигурување доделува стипендии за студенти на Правниот факултет „Јустинијан Први’’ во Скопје
- Детали
- петок, 17 ноември 2017
Скопје, 17.11.2017 год, Еуролинк осигурување додели 20 стипендии на перспективни студенти од Правниот факултет,, Јустинијан Први’’ – Скопје, наменети да ги покријат трошоците за кофинансирање на студиите. За Еуролинк стипендија аплицираа студенти на додипломски и постдипломски студии од сите насоки на Правниот факултет ,,Јустинијан Први’’.
Во свечена атмосфера, во просториите на Еуролинк осигурување, стипендиите ги додели Претседателот на Надзорен одбор на Еуролинк осигурување Олга Костовска.
- Продолжуваме и понатаму да инвестираме во младите и перспективни студенти, да ги поттикнеме да бидат упорни и доследни во реализирање на своите зададени животни цели, да бидат одговорни кон своите обврски, своето семејство, да ја негуваат хуманоста во себе, а Еуролинк осигурување и понатаму ќе продолжи да биде нивна поддршка, ќе придонесува во образованието и ќе ги поддржува младите луѓе, се со цел да им се овозможи поквалитетно образование како основа за создавање на квалитетни професионалци и квалитетно општество, изјави Олга Костовска.
Активноста е дел од платформата за Корпоративно општествена одговорност, „Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности’’.