6 типови на Telekom Fantasy играчи - дали препознавате некој од вашите пријатели?!

Ги одбравте вашите тимови, влеговте во Лигата и сега останува да се натпреварувате со поените и стратегиите на другите менаџери.

6-tipovi-na-telekom-fantasy-igraci-dali-prepoznavate-nekoj-od-vasite-prijateli-01.jpg

Ако сте нови во играва, допрва ќе ги сретнете, но доколку веќе сте ја играле Telekom Fantasy Football  креирана од Македонски Телеком, тогаш сигурно сте се запознале со овие типови на момци:

“Mr. Knew it All”

Оној тип на играч на Telekom Fantasy Football што постојано повторува дека ќе победел ако, ако, ако, ако.... За него има милион “ако“ и тој тврди дека ако изиграл онака како што мислел од прва, сигурно ќе бил победникот. Тој ве уверува дека го знаел исходот на натпреварите уште на почетокот на сезоната, но никому не му е јасно зошто не изиграл така. Причината обично и тој самиот ја заобиколува.

“Волкот од Wall Street“

Тип на играч кој во прв план ги става парите, трансферите, цените и пазарот на фудбалери. Тој се внесува во Telekom Fantasy Football како да е тоа неговата вистинска работа во реланиот живот за која студирал 5 години на еден од престижните европски универзитети, од која заработува и живее. Волкот од Wall Street постојано калкулира и ги “продава“ фудбалерите, макар и само мисловно.

“Зависникот од резултати“

Пријателот кој панично проверува резултати. На неговиот телефон на секои две минути пристигнува нотификација од порталите што објавуваат фудбалски резултати. Livescore му home page на сите уреди дома и во канцеларија. Тој редовно ги информира и останатите другари како поминал нивниот омилен тим на последниот натпревар во Лигата. Многу често, овој тип на фудбалски фан се задоволува само со крајниот резултат, а играта ја следи од време навреме.

“Змијата“

Го знаете и овој тип... Тој навистина не сака толку фудбал, не ги знае последните вести и трансфери, дури и не ги ни следи натпреварите, но некако секогаш успева да се протне и да истурка до високите места на табелата со поените во Telekom Fantasy Football. Никому не му е јасно како, но неговиот состав успева да се протне без казни, заработува некој гол од пенали и на среќа го држи “голот чист“.

“Мозокот“

Исто така познат како подол лажго. Ова е другарчето што ќе ти сугерира како да го избереш својот тим, наметнувајќи се како остроумен стратег, додека неговите совети се крајно нелогични. Тој буквално ја игра твојата игра, за да го направи на својот терен спротивното и да те елиминира. Нему не треба да му се верува.

“Роботот“

Ова е типот кој имаш чувство дека те следи во секој чекор. На моменти се прашуваш дали е вистински човек или алгоритам, робот, машина, автоматски профил на апликацијата?! Затоа што тој е секогаш едно место пред тебе во табелата, а играте речиси идентично. Тој како да постои само за ти да не можеш да испливаш едно место погоре. Каде и да се свртиш е неговото име.

6-tipovi-na-telekom-fantasy-igraci-dali-prepoznavate-nekoj-od-vasite-prijateli-02.jpg

Препозна некој од своите пријатели?!

Секој на свој начин ја доживува Telekom Fantasy Football играта креирана од Македонски Телеком, но сите страсни љубители на фудбалот знаат дека во оваа игра најважно е да се победи. Корисникот што ќе освои најмногу поени во секое коло добива PlayStation 4 и видео игра FIFA18, а најдобриот менаџер за сезоната 2017/2018 добива две карти за големото финале кое ќе се оддржи во Киев наредната година.

Апликацијата Telekom Fantasy Football е достапна за корисниците на Андроид на следниот линк, а за корисниците на iOS на следниот линк.

Би можело да ве интересира:

Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...
Ламбе Алабаковски за татковството: „Сакам и ќерка по двата сина“ „Самото породување за мене беше еден голем, возвишен чин, со измешани емоции, ра...
Миа Костова изреволтирана откако дете го удрило со бокс во стомак син ѝ: „Булингот доаѓа од дома“ (в... Миа Костова вели дека нејзиниот син е повторно жртва на булинг - откако пред изв...
„Пази на пудрата“ – Јелена Спенџарска во забавно видео покажа како изгледа шопингот на жените Дали и вашиот шопинг изгледа вака? По колку време „заглавувате“ во гардероба, до...
Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg