Со 1188 до сите нови информации
- Детали
- вторник, 14 ноември 2017
Дежурна амбуланта во близина? Точна локација на нов ресторан? Автомеханичар во најблиското населено место? Овластен сервис за расипан куќен апарат или занаетџии за одржување на домот? Нов контакт со “подзаборавен” стар пријател? Сите одговори на ваквите и многу други прашања веднаш ги дознавате со само едно јавување на 1188.
Информации 1188 е целосен телефонски именик на Македонија со преку 900,000 контакт информации за физички лица, фирми од секоја дејност и институции во државата. Податоците се добиваат од сите телефонски оператори, а постојано се обновуваат и проверуваат во соработка со водечкиот македонски информатор Златна книга.
Покрај телефонските броеви, со услугите на Информации 1188 добивате и останати податоци што ви помагаат при секојдневните потреби. На пр. дознавате адреса, растојание и локација, работно време, е-меил или веб страна на продавница или угостителски објект што го барате. Или се информирате кој сѐ нуди производ или услуга што ви е потребна, и тоа во местото каде што сте или планирате да одите. Наскоро сето тоа ќе ви биде достапно и со посебен СМС сервис- нова услуга што Информации 1188 ја воведува до крајот на ноември.
Операторите ве очекуваат секој ден, 24 h. Јавете се на 1188 и дознајте сѐ.