Како да станете пилот?

Според проценките на американската авио компанија „Боинг“ во следните 20 години ќе им бидат потребни над 533.000 пилоти, што е доволен поттик за многу млади луѓе да посегнат по овој предизвик. Интересна и атрактивна професија, со многу возбуда и адреаналин, со можност за голема заработувачка и секако привилегија да се пропатува целиот свет.

kako-da-stanete-pilot-1.jpg

„Заинтересираноста за оваа професија расте од година во година. Но, пилоти стануваат само оние што ги исполнуваат сите критериуми, односно поединци што поседуваат интелектуални способности, имаат физички предиспозиции, моторика. Вљубениците во авионите знаат какво е тоа чувство на возбуда и адреналин што ве обзема“ - изјави Борче Манев, инструктор по летање во Центарот за обука на пилоти.

Пилотската професија е комплексна работа, освен стручната обука пилотите мора да научат метеорологија, медицина, математика, физика и навигација, особено ако летаат во авио-сообраќајот. Обуката трае 18 месеци и опфаќа 350 часа теоретска настава и 180 часа летање.

Во Македонија професионалните пилоти се обучуваат во Центарот за обука на пилоти, а обуката која чини од 40.000 до 80.000 илјади евра во различни земји од Европа, во Македонија не чини ниту денар.

Она по што Центарот за обука на пилоти е специфичен е дека на едно место се спроведува теоретска настава и летање, нуди искусни предавачи и инструктори, флота од 5 авиони и 4 хелихоптери која е функционална во текот на целата година. Од својата контролна кула овој центар покрива 11 делегирани зони за летање низ цела Македонија одобрени од „Агенција за цивилно воздухопловство“ што дава погодност за организирање на летовите согласно потребите на Центарот кој има два пати повеќе полетувања и слетувања дневно од Скопскиот аеродром „Александар Велики“.

kako-da-stanete-pilot-3.jpg

Ги повикуваме сите млади луѓе што се желни за професионален ангажман во една од топ 5 највозбудливите професии на планетата да се пријават на конкурсот “ - додава Манев.

Условите за сите заинтересирани момци и девојки се исти; мора да имаат завршено високо образование, да ги поминат тестовите за здравствена и физичка способност и да го положат тестот по англиски со минимум оценка 3, и секако да се пријавите пред да наполните 28 години

Повеќе информации за обуките и содржината на наставата на следниот линк: https://elbitsystems-mk.com/

kako-da-stanete-pilot-2.jpg

Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...
Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg